fbpx

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста за ДУП-овите во Маврово

Дивеењето во оваа општина и уништувањето на националниот парк мораа да се сопрат. Голем ден за Маврово, за целиот национален парк воопшто и голема победа во поглед на зачувување на животната средина и здравјето на луѓето, напиша адвокатот Драган Пешевски, чија адвокатска канцеларија е подносител на иницијативите

-

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово донесена на ден 26.02.2015 година и Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година.

„Судот во оваа фаза од постапката меѓу другото изрази сомнеж дека Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никифорово и Анови објавена во 2001 година во моментот на донесувањето ја немало потребната согласност од надлежниот орган, односно од Министерството за транспорт туку е прибавена три месеци подоцна“, велат од Уставниот суд.

Во однос на Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово донесена во 2015 година, Судот исто така изрази сомнеж дали мислењата кои се прибавени од надлежните органи се во согласност со Законот за градење, Законот за заштита на води и Законот за заштита на природата кои тогаш биле во важност.

Уставниот суд во понатамошната фаза на постапката ќе постапува по овие предмети, до донесување на конечна одлука.

„По повеќечасовна дебата, спротивставени мислења на судиите од Уставниот суд, дури кај некои и страв од последиците што оваа постапка може да ги има, сепак е донесена одлука за поведување на постапката! Дивеењето во оваа општина и уништувањето на националниот парк мораа да се сопрат. Голем ден за Маврово, Мавровчани за целиот национален парк воопшто и голема победа во поглед на зачувување на животната средина и здравјето на луѓето“, напиша на својот профил на Фејсбук адвокатот Драган Пешевски, чија адвокатска канцеларија е подносител на иницијативите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...