Серија отворени предавања за студенти за демократија, вештачка интелигенција и критичка дискусија

Второто предавање на тема „Дебата за иднината: Вештачка интелигенција VS Работните места“ ќе се одржи денеска на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во амфитеатарот на ФИНКИ со почеток во 16 часот

фото: Младински образовен форум (МОФ)

Младинскиот образовен форум (МОФ) месецов организира серија отворени предавања за студенти во рамки на програмата за Академска дебата.

Првото предавање се одржа во средата, а беше на тема „Што ни носи иднината на демократијата? Дилеми и предизвици – Воведување на задолжително гласање и стекнување на избирачко право со 16 години“, на кое предавач беше доцент д-р Марко Кртолица.

Второто предавање на тема „Дебата за иднината: Вештачка интелигенција VS Работните места“ ќе се одржи денеска на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во амфитеатарот на ФИНКИ со почеток во 16 часот.

За можните импликации на воведувањето на вештачката интелигенција во работниот пазар ќе зборува проф. д-р Александра Дединец. Дали ВИ може да ги замени човечките работни места, кои се нејзините предности и недостатоци и како можеме да се подготвиме за иднината во која ВИ ќе биде неизбежна, се само дел од прашањата што ќе бидат одговорени на предавањето.

Заинтересираните за присуство на денешното отворено предавање е потребно да го пополнат формуларот на овој линк.

Третото предавање ќе се одржи во среда, на 27 март, во Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет при УКИМ со почеток во 17 часот, а е на тема „Кога правиме логички грешки? Правила на критичка дискусија и аргументација“.

Предавач ќе биде проф. д-р Ана Димишковска која ќе наслика како прагма-дијалектичката теорија на аргументацијата ги третира логичките грешки во дискусијата. Пријавите за присуство на ова предавање се вршат на овој линк.