петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Младински образовен форум | 35 резултати

Дипфејк или реалност – „Сајбер Шејк“ дискусија за млади на 21 февруари во „Котур“

февруари 9, 2024

Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични? Ова е темата на „Сајбер шејк“ настанот – […]

МОФ со повик до студенти за пријавување во студентски дебатни клубови

февруари 2, 2024

Под слоганот „Отвори го умот за нови перспективи, приклучи се во дебатниот клуб на Младински образовен форум“, МОФ отвора повик за пријавување во студентски дебатни клубови кои ќе се формираат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ќе […]

МОФ со Повик за млади истражувачи во пет тематски области

декември 25, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Центарот за наука и иновации од Албанија и Иницијативата за човекови права од Србија објавија повик за апликации на Регионалната програма за мобилност на младинско лидерство (RYLMP), наменет за студенти, активисти и млади истражувачи од Северна Македонија, Албанија и Србија, кои имаат интерес за истражување и застапување за […]

Зошто да учам кога има вештачка интелигенција? – тема на втората „Сајбер Шејк“ дискусија за млади

декември 12, 2023

Дали треба да се дозволи употреба на вештачката интелигенција на универзитетите и во училиштата? Колку се универзитетите подготвени да се борат против злоупотребата на генеративната ВИ? Дали употребата на вештачката интелигенција треба да се регулира со закон? Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на настанот „Сајбер Шејк“ – дискусија за млади […]

Дебата: Дали да се информираме од 100 места или пак да ги ограничиме изворите на информирање?

ноември 1, 2023

Дали е добро да имаме стотици извори на информирање или пак подобро е да ни бидат достапни само одреден број вести, гласеше панел дискусијата која се водеше денеска на настанот на Младинскиот образовен форум и ИРЕКС на тема „Медиумите (не) придонесуваат кон медиумска писменост“, која се реализираше во рамки на проектот на УСАИД за медиумска […]

Во тек е повикот за учество на „Климатон Скопје“ – хакатон за климатски промени

октомври 20, 2023

Дводневен хакатон за климатски промени „Климатон Скопје“ ќе се одржи на 3 и 4 ноември во просториите на INNOFEIT, во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED Hub) Скопје. Настанот, како што соопштија организаторите, е отворен за сите млади ентузијасти со иновативни идеи за решавање на климатските предизвици во главниот град преку […]

Дали телефонот те прислушкува? – „Сајбер Шејк“ дискусија за млади на 19 октомври во Скопје

октомври 6, 2023

На 19 октомври во „Netaville“ во Скопје ќе се одржи настанот „Сајбер Шејк“ – дискусија за млади на тема „Дали телефонот те прислушкува?“. Настанот е во организација на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC во партнерство со Младинскиот образовен […]

Младите бестрашно уриваат бариери за редефинирање на иднината, порачаа тие од скопскиот Градски парк

август 14, 2023

Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Ова беше истакнато на настанот по повод Меѓународниот ден на младите, што во петокот се одржа во градскиот парк – Школка во Скопје, соопштија од Младинскиот образовен форум (МОФ). Настанот беше […]

Отворен е повикот за учесници на Летната академија на МОФ

јули 25, 2023

Отворен е повикот за учество на Летната академија за младински права, демократија, младинско учество и организирање и адресирање на социјални предизвици и проблеми што ја организира Младинскиот образовен форум (МОФ). Право на учество на академијата имаат сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 25 години кои се членови на МОФ, но и млади кои […]

МОФ со можности за обуки и вмрежување на младинските организации

јули 11, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) ги повикува младинските организации и организациите за млади да се пријават на нивниот повик кој има за цел да им понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување. Од МОФ посочуваат младинските и организациите за млади да го пополнат и споделат отворениот прашалник кој е достапен на овој линк, преку кој […]

Младинскиот активизам, феминизмот и борбата за права во фокусот на „ENGAGE 2023“

јуни 11, 2023

Домашни и странски активисти го зедоа микрофонот на „ENGAGE 2023“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) и споделија лични инспиративни приказни на теми од онлајн активизмот, феминизмот и работничките права, па сè до читање слем поезија и борбата за глас на маргинализираните граѓани. Настанот го отвори црногорската активистка Николина Павиќевиќ, основач на популарната Инстаграм платформа „Критички“. Таа […]

Активистички говори, млади бендови и креативни работилници на „ENGAGE 2023“

јуни 7, 2023

Младински образовен форум и Радио МОФ го организираат дванаесеттото издание на Настанот за социјален активизам ENGAGE, кој ќе се одржи в петок, на 9 јуни, во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 13 часот. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и од странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, […]

[Станица: Студентска 8] Маџаров: Доаѓа ера во која вештачката интелигенција ќе биде алатка за секого

мај 3, 2023

Развојот на вештачката интелигенција отвора многу нерешени прашања, а меѓу најважните е „Кој ќе сноси одговорност за тоа што ќе се случува?“. Трката меѓу компаниите во развој на технологија е веќе започната и е безобразна. Ова го истакна професорот Ѓорѓи Маџаров од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на денешното предавање „Потенцијали и […]

В среда ќе се одржи „Станица: Студентска 8“ – целодневен настан за студенти и млади

април 28, 2023

По неколку години пауза, настанот „Станица: Студентска“ се враќа со своето осмо издание, најави Младинскиот образовен форум (МОФ). Станува збор за целодневен настан наменет за студенти, но и за сите заинтересирани млади лица. Станица: Студентска 8 ќе се одржи в среда, 3 мај, од 12 до 17 часот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил […]

Повик до младите во петок да се приклучат на првиот ENGAGE Youth

март 29, 2023

Младински образовен форум и Радио МОФ ги покануваат младите да се приклучат на првиот ENGAGE Youth за оваа година, кој ќе се одржи на 31 март, во петок, во дворот на Радио МОФ, со почеток во 13:00 часот. На овој настан, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, родова […]

Во 2023 година, сè уште зборуваме за нефункционални училишни тоалети, реагира МОФ

јануари 24, 2023

Македонскиот образовен систем е нефункционален, со години наназад властите – минати и сегашни постојано нѐ уверуваат дека образованието е иднината и дека образованието е клучниот рецепт за успех на една држава. Сепак, тоа за жал е само декларативно, а рецептот е очигледно неуспешен. Ова е ставот на Младинскиот образовен форум (МОФ) по повод денешниот Меѓународен […]

Објавен повик за млади истражувачи за регионална мобилност

јануари 16, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ), заедно со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Центарот за образовна политика (ЦЕП) од Србија објавуваат повик за млади лица за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји. Како што соопштија од МОФ, повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за […]

Младите се засегнати од палењето депонии и кучиња скитници исто колку и за општинските инвестиции во културата

октомври 21, 2022

Потребна е поблиска соработка помеѓу младинските службеници на општините и младите. Воедно треба да ја оставиме застарената пракса да ги „врзуваме“ младите исклучиво за младински проблеми. Младите се хетерогена група која подеднакво е засегната со проблемот со палење на депонии, кучиња скитници, колку што е засегната со колку општината инвестира во култура, спорт забава и […]

Еколошка акција во Ростуше – „Сите сме рефлексија на животната средина“

октомври 1, 2022

Клубот за младински активизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) заедно со уметникот и скулптор Андреј Миневски и Зеукстритон, здружение за заштита на екологијата и унапредување на културата и спортот во четвртокот во Општина Ростуше ја спроведоа еколошката акција „Сите сме рефлексија на животната средина“. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест кај […]

„ENGAGE 2022“ – сведоштва за активизам, одговорност и ангажирање во средината

септември 25, 2022

Домашни и странски говорници и активисти беа дел од годинешниот „ENGAGE 2022“ во Куршумли Ам, каде презентираа лични инспиративни приказни за тоа како се алармира за проблеми во животната средина, како е да се известува од војна, како медиумите можат да го променат јавниот наратив за општествени и егзистенцијални проблеми, но и како младите можат […]

Страна 1 од 2