недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Младински образовен форум | 35 резултати

Дигитализацијата е возможна мисија само ако се гради на здрава ИТ основа

јули 27, 2022

Нови дигитални материјали за учење како дел од новата Концепција за основно образование, електронски алатки, интерактивни табли, електронско пријавување за упис во средно училиште, електронско аплицирање за стипендија, за студентско легло во студентски дом, водење евиденција во електронски дневник… Ова се само некои од можностите и услугите кои се дел од образовниот систем во С. […]

[ВИДЕО] Знаковен толкувач во здравствениот систем ќе ги намали тешкотиите со кои се соочуваат глувите лица

април 13, 2022

„Поради недостиг на акустичка перцепција, глувите лица во здравствените инстиуции се соочуваат со низа потешкотии“, гласи слоганот на членовите Клубот за демократско учество при ДУЦОР „Партенија Зографски“ под кој изработија видео со цел подигање на свесноста за проблемите со услугите во здравствениот систем и понуди за решение за аспектите кои ги засегаат глувите лица. Членовите […]

Младите од руралниот дел на земјата сметаат дека државата не прави ништо за нив, сакаат да си заминат

декември 22, 2021

Младите сметаат дека е потешко човек да најде работа ако некој од семејството нема врски или не потекнува од богато семејство. Исто така сметаат дека не е лесно да започнат свој бизнис, а алармираат и дека училиштата наместо да се опремени како што доликува за 21-ви век личат како да се од минатиот, нагласија денес […]

Дебатен турнир за млади: Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси

октомври 28, 2021

Во рамките на кампањата „Разбистри сè“ Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии ќе го организира финалето на Дебатниот турнир за млади на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“. Турнирот ќе се реализира во форматот на Британска парламентарна дебата, на кој повеќе од 20 средношколци од целата држава […]

МОФ организираше натпревар за најдобар средношколски бизнис план

јуни 15, 2021

Во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), a со поддршка од Американската амбасада во Северна Македонија, денеска беше организиран натпреварот во бизнис планови “YES TEAM FOR THE WIN!”, информираат од МОФ. Станува збор за средношколски натпревар, во кој пет младински тимови ги презентираа своите бизнис-идеи пред жири комисијата, борејќи се за главните награди на овој […]

Се одржа јубилејното 10-то издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2021

мај 31, 2021

Голем број домашни и странски активисти, поединци и иницијативи кои се залагаат за општествени промени во саботата беа дел од десеттото, јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, кое годинава го имаше своето прво хибридно издание каде што домашните говорници говореа во живо од Музејот на современа уметност (МСУ), додека пак странските говорници се […]

МОФ: Во сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити

февруари 10, 2021

При одржувањето на државна матура, клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите. Навремена комуникација со матурантите и обезбедување на нивна поддршка во целиот процес е клучна за успешно организирање и спроведување на матурскиот испит […]

МОФ изготви препораки за Концептот за далечинско образование

јули 12, 2020

По објавувањето на Kонцепцијата за далечинско учење на Министерството за образование и наука, Младински образовен форум изготви препораки за дополнување на концепцијата и спроведе фокус-групи за споделување на искуствата и потребите на средношколците во врска со далечинското учење. „Потребно е Концепцијата да ги опфати и обезбеди потребите за учење на учениците со попреченост. Исто така, […]

Доцна и нецелосна најава на тестирањата за упис во средно, реагира Младинскиот образовен форум

јуни 19, 2020

По вчерашната најава дека во средните училишта во кои ќе има повеќе заинтересирани ученици од слободни места во прва година ќе биде спроведено квалификационо тестирање, Младинскиот образовен форум изрази загриженост околу целиот процес на тестирањето. За нив проблематично е тоа што за точниот термин учениците беа известени нецели четрити дена пред тестирањето за два теста, […]

Со серија настани се одбележува Меѓународниот ден на младите

август 12, 2019

Меѓународниот ден на младите, 12 август, денеска ќе биде одбележан со серија на настани. Со две панел дискусии што ќе се одржат во „Јавна соба“, со почеток од 18 часот, Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска ќе го одбележи овој датум. На првата панел дискусија на тема „Младински центри“, ќе говорат директорот на АМС, […]

Волонтерска акција „Зелено за здравје“ во Струга

април 28, 2016

Поддржана од проектот за граѓанско општество на УСАИД, денеска во Струга беше спроведена волонтерска акција за садење зимзелени украсни дрва во центарот на градот, под мотото „Зелено за здравје“. Целта на акцијата беше да се подигне значењето на зелените површини и потребата од нивно одржување. Акцијата ја реализираше Младински образовен форум (МОФ), во соработка со […]

Страна 2 од 2