МОФ со можности за обуки и вмрежување на младинските организации

МОФ повикува младинските и организациите за млади да го пополнат и споделат отворениот прашалник преку кој би се идентификувале потребите на младинските организации

Младинскиот образовен форум (МОФ) ги повикува младинските организации и организациите за млади да се пријават на нивниот повик кој има за цел да им понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување.

Од МОФ посочуваат младинските и организациите за млади да го пополнат и споделат отворениот прашалник кој е достапен на овој линк, преку кој ќе се идентификуваат потребите на младинските организации во однос на нивното секојдневно работење, како и долгорочните планови.

„Дополнително, преку оваа иницијатива, организациите ќе имаат можност да бидат поврзани со меѓународни организации со цел вмрежување, партнерство, менторство или споделување на искуство“, велат од МОФ во повикот, во кој се додава дека организациите што ќе ја пополнат формата ќе бидат контактирани во текот на наредните месеци со можност за посета на обука во некоја од избраните области.