Под слоганот „Отвори го умот за нови перспективи, приклучи се во дебатниот клуб на Младински образовен форум“, МОФ отвора повик за пријавување во студентски дебатни клубови кои ќе се формираат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ќе се организираат обуки што ќе бидат бесплатни и отворени за студенти на факултетите од цела држава.
Дебатните клубови, велат од МОФ, ќе го следат British Parliamentary (BP) дебатниот формат или Британска парламентарна дебата – универзитетски формат кој е најчесто дебатиран во светски рамки.
Обуките ќе се одржуваат во текот на летниот семестар на учебната 2023/2024 година, а по завршувањето на предавањата, сите студенти ќе имаат можност да учествуваат на Национален студентски дебатен турнир.
Заинтересираните студенти може да се пријават до 15 февруари со пополнување на овој формулар, а целиот повик е достапен на овој линк.