недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: МОФ | 36 резултати

МОФ со Повик за млади истражувачи во пет тематски области

декември 25, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Центарот за наука и иновации од Албанија и Иницијативата за човекови права од Србија објавија повик за апликации на Регионалната програма за мобилност на младинско лидерство (RYLMP), наменет за студенти, активисти и млади истражувачи од Северна Македонија, Албанија и Србија, кои имаат интерес за истражување и застапување за […]

УСАИД со нов проект: Младите имаат потенцијал, но не и поддршка

ноември 14, 2023

Младите во земјава имаат многу потенцијал, а решението не е во иселувањето во странство, туку е потребно е да се поддржат и да се вклучат во заедницата. Ова беше пораката од настанот кој се одржа денеска во „Нетавил“ во Скопје на кој официјално се потпиша меморандум меѓу УСАИД и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) […]

Во тек е повикот за учество на „Климатон Скопје“ – хакатон за климатски промени

октомври 20, 2023

Дводневен хакатон за климатски промени „Климатон Скопје“ ќе се одржи на 3 и 4 ноември во просториите на INNOFEIT, во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED Hub) Скопје. Настанот, како што соопштија организаторите, е отворен за сите млади ентузијасти со иновативни идеи за решавање на климатските предизвици во главниот град преку […]

„Кажи со раце“: Младински настан за Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик

септември 22, 2023

Младински образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ утре ќе го одбележат Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик, во 17:00 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје, пред Мобилната галерија. Организациите ги покануваат сите млади на интерактивниот младински настан под мотото „Кажи со раце“. „Дојди и помогни ни да ја истакнеме убавината на […]

Младите бестрашно уриваат бариери за редефинирање на иднината, порачаа тие од скопскиот Градски парк

август 14, 2023

Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Ова беше истакнато на настанот по повод Меѓународниот ден на младите, што во петокот се одржа во градскиот парк – Школка во Скопје, соопштија од Младинскиот образовен форум (МОФ). Настанот беше […]

МОФ со можности за обуки и вмрежување на младинските организации

јули 11, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) ги повикува младинските организации и организациите за млади да се пријават на нивниот повик кој има за цел да им понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување. Од МОФ посочуваат младинските и организациите за млади да го пополнат и споделат отворениот прашалник кој е достапен на овој линк, преку кој […]

В среда ќе се одржи „Станица: Студентска 8“ – целодневен настан за студенти и млади

април 28, 2023

По неколку години пауза, настанот „Станица: Студентска“ се враќа со своето осмо издание, најави Младинскиот образовен форум (МОФ). Станува збор за целодневен настан наменет за студенти, но и за сите заинтересирани млади лица. Станица: Студентска 8 ќе се одржи в среда, 3 мај, од 12 до 17 часот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил […]

Промовиран водич за медиумска писменост за родители и старатели на деца

април 26, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС денеска го промовираа водичот за медиумска писменост за родител и старатели на деца од 5 до 10 години „Дигиталниот свет на генерација алфа“, кој е дел од проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ на УСАИД. Водичот содржи совети за родителите и старателите како полесно да се снајдат во новото […]

Објавен повик за млади истражувачи за регионална мобилност

јануари 16, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ), заедно со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Центарот за образовна политика (ЦЕП) од Србија објавуваат повик за млади лица за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји. Како што соопштија од МОФ, повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за […]

Со огромни прашалници активисти запрашаа: „Ќе се дише ли зимава“?

декември 9, 2022

Со портокалови огромни прашалници, поставени на плоштад „Македонија“ и пред ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, активистите од Младинскиот образовен форум прашаа „Ќе се дише ли зимава“? Оваа иницијатива, како што соопштија од МОФ, има за цел да ја подигне свеста на институциите во однос на сите прашања поврзани со животната средина и […]

МОФ: Разочарува одлуката да се стегне обрачот за тоа кој студент има право на оброк

ноември 14, 2022

Младински образовен форум (МОФ) со разочарување реагира по повод предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, но и општо во врска со моменталната ситуација во која се наоѓаат студентите. Во соопштението од МОФ се велидека во услови на енергетска криза, голема инфлација и пост-пандемиско опоравување, студентите се први на удар од страна на државните институции, […]

Училиштата мора да бидат безбедна средина за нивните ученици, реагираат организациите

август 9, 2022

Објавата на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, која беше пренесена во медиумите, го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошко, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците, се вели во заедничкото соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Сојузот на […]

Тркалезна маса за дигитализација на високото образование: скап процес, а скромен буџет

април 21, 2022

Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска организираше тркалезна маса на тема „Дигитализација на високото образование – предизвици и можности“ каде беа презентирани клучните наоди и препораки од истоимениот документ за јавна политика, а беше презентирана и дигиталната алатка развиена од студентки за време на студентскиот хакатон. Документот за јавни политики на МОФ е изработен во рамки […]

МОФ утре ќе го презентира документот „Дигитализација во високото образование“

април 20, 2022

Младинскиот образовен форум (МОФ) утре со почеток во 12 часот ќе одржи тркалезна маса на тема „Дигитализација во високото образование – можности и предизвици“. На настанот ќе се презентира документот за јавни политики, како и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се одржа во рамките на проектот. Покрај презентацијата на документот и дигиталната […]

Истражување: Една третина од студентите се соочиле со дискриминација на факултет, малкумина пријавиле

февруари 25, 2022

Триесет проценти од студентите во земјава во одреден момент се соочиле со дискриминација на државните факултети и универзитети, но само 6,6 проценти пријавиле дека биле жртви на дискриминација. Ова го покажа истражувањето на Младинскиот образовен форум (МОФ) за студентската перцепција за дискриминација на четирите државни универзитети – „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), „Гоце […]

Студентски хакатон за изработка на предлози и идеи за дигитализација на услугите во високото образование

февруари 10, 2022

Младинскиот образовен форум (МОФ) организира студентски хакатон за изработување решенија, предлози и идеи кои ќе придонесат кон дигитализација на услугите во рамки на високото образование. Хакатонот ќе се одржи од 25 до 27 февруари, а како што соопштија од МОФ, предност ќе се даде на студенти што студираат на факултети од областа на техничките и […]

„Дали е корисна училишната униформа?“ – дебата меѓу средношколци и студенти организирана од МОФ

ноември 12, 2021

Во просториите на невладината организација Центар за балканска коорперација ЛОЈА, вчера во Тетово се одржа дебата меѓу студенти и средношколци на тема „Личен стил или еднаквост: Дали е корисна училишната униформа?“, организирана од страна на Младински образовен форум (МОФ). Дебатата беше спроведена од учесници кои се дел од два од едукативните клубови или програми на […]

Тројка од младите за квалитетот на наставата во пандемија, покажа студијата на МОФ

август 12, 2021

По повод Меѓународниот ден на младите, Младински образовен форум (МОФ) ја презентираше студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер. Студијата покажува дека 69 отсто од младите никогаш не биле консултирани од институциите, наспроти една третина (27 отсто) кои биле консултирани на локално или […]

Порталб: Секој четврти во земјава кој останал без работа е млад, младите без перспектива

јули 4, 2021

Младите се едни од најранливите категории кога станува збор за работничките права. Стапката на невработеност кај младите во Северна Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес бара повеќе вештини и прилагодување кон новите достигнувања, креативност, способност да се размислува на иновативен начин и во таа насока треба да се развие формалното […]

Утре се одржува десеттото издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE

мај 28, 2021

На 29 мај (сабота) на платото на Музејот на современа уметност, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи десетото јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE. Десетта година по ред ENGAGE ќе обезбеди платформа за собир на домашни и странски активисти, поединци и заедници кои се залагаат за општествени промени, информираат од Радио МОФ. Јубилејното издание на […]

Страна 1 од 2