Актуелните предизвици во судството и иднините чекори во контекст на најавените реформи биле тема на денешната средба меѓу претседателот на Здружението на судиите на Македонија, Џемали Саити, и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

„Саити го информираше амбасадорот Жбогар за тековните активности и за приоритетите на Здружението во однос на најавените реформи во судството. Акцентот беше ставен на потребата од вклучување на Здружението во овие активности, како рамноправен партнер на сите други чинители“, стои во соопштението од Здружението на судиите на Македонија.

Жбогар, на средбата, изразил задоволство од досегашната соработка и ги поддржал активностите на Здружението за подобрување на статусот на судиите и за градењето релевантни механизми за владеење на правото.

„Соговрниците заклучија дека идните реформски активности треба да бидат транспарентни и во овој процес да се вклучат сите релевантни фактори на правосудсниот сектор“, се наведува во соопштението.