fbpx

Хан пред посетата на Скопје: И Владата и опозицијата да се фокусираат на реформите

-

Новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата и на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во пресрет на неговата посета на земјава, закажана за понеделник.

„Земјата, со континуирана помош од Европската Унија, конечно ја надмина политичката криза преку добро спроведени избори и со формирањето ја новата Влада. Сега новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да се врати земјата на нејзиниот пат кон ЕУ-интеграцијата. Реформите мора да бидат спроведени за да се подобри животoт на луѓето, да се работи на стабилноста, напредокот и правдата. Затоа ѝ дадов задача на групата на независни правни експерти, предводена од Рајнхард Прибе, да ѝ помогне и да ја советува новата влада за прашањата за системското владеење на правото“, напиша Хан.

Еврокомесарот в понеделник доаѓа во земјава на разговори за владините реформски планови и за да ја повтори поддршката на ЕУ во процесот на спроведување на потребните реформи за членство на земјава во Европската Унија.

Хан во Скопје, како што стои во соопштението, предвидено е да има средби со премиерот Зоран Заев, со новата влада и со политичките лидери во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...