Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку проектот Action SЕЕ објави барање за апликации за обезбедување поддршка на граѓански организации и промоција на добро владеење и на владеење на правото, преку доделување на 25 до 30 мали грантови за граѓански организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово.

Ќе бидат доделени два типа грантови, кои можат да изнесуваат од 6.000 до 8.000 евра.

„Од иницијативите се очекува да се фокусираат на адресирање прашања во врска со владеењето на правото и доброто владеење, особено поврзани со антикорупција, транспарентност и пристап до информации, заштита на податоци и користење на јавни средства во повеќе области“, велат од „Метаморфозис“.

Рокот за поднесување на комплетирани апликации е до 16 часот на 15 јануари 2017 година, исклучиво преку интернет-формуларот за аплицирање. Формуларите за аплицирање мора да бидат пополнети на англиски јазик.

Повеќе информации за конкурсот можете да погледнете тука.