fbpx

Полска доби официјално предупредување од ЕУ поради измените во уставниот суд

-

Европската Унија денеска на Полска и упати официјално предупредување дека измените на законот кои се однесуваат на уставниот суд го загрозуваат владеењето на правото во земјата, членка на Унијата.

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека комисијата го усвоила мислењето во кое се критикува полската влада поради постапките со кои го парализира уставниот суд.

По доаѓањето на власт на партијата на законот и правдата, полскиот парламент изгласа закон со кој и се овозможи на владата да именува судии во највисокиот суд и да не ги признава судиите избрани претходно.

Тимерманс изјавил дека синоќа разговарал со полската премиерка, Беата Шидло и дека добил уверување оти полската влада сака да го продолжи дијалогот со ЕК околу ова прашање.

– Европската Унија е изградена на заеднички интереси, содржани во договорите. Осигурувањето на владеењето на правото е колективна одговорност на сите институции на ЕУ и на сите земји-членки – рекол Тимерманс, пренесува „Гардијан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...