fbpx

Заев: Да се обединиме во визијата за модерна и економски напредна Македонија

-

„Годината што заминува ќе ја паметиме по најголемиот успех на граѓаните на оваа земја. Слободоумните граѓани ослободија – заробена држава. Се случи промената. Македонија се стабилизираше и тргна кон раст и развој“, истакна премиерот Зоран Заев во своето новогодишно обраќање до граѓаните на Македонија.

Заев порача дека клучен фактор за создавање на доверба е спроведувањето на владеењето на правото, како и почитувањето на човековите права, социјалната правда, јавното и отчетно работење и обезбедувањето целосно учество на сите граѓани во општеството.

– Реформата подразбира вклученост, на сите, за сите, без исклучок, по било кој основ. Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права – и ништо помалку – порача Заев.

Тој истакна дека во 2018 година „нè очекува многу ангажман, со единствена цел – мирен и квалитетен живот за граѓаните“, со повисоки плати, финансиска стабилизација на земјата, раст и правичност, со професионални и деполитизирани институции.

– Продолжуваме да бидеме пријател со сите пет соседи, но и предводници во градењето нов имиџ за Балканот пред светот. Конечно, очекуваме Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на претпристапни преговори со Европската Унија. Брисел знае дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување. На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети – подвлече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...