Извештај на Стејт департментот: Сериозни наводи за функционери вклучени во корупција

Низа забелешки во Извештајот на Стејт департментот, во кој се укажува на корупција, недоволни реформи во судството, лоши услови во затворите и наплив на руски дезинформации во земјава преку српски медиуми

-

Иако законот предвидува казни за корупција на функционерите, а владата генерално го спроведуваше овој закон, сепак има сериозни наводи за функционери вклучени во корупција. Владата е најголем работодавач во земјата, а невладините организации велат дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваат корупцијата како една од главните грижи на граѓаните. Ова е една од клучните забелешки за состојбите со човековите права во Македонија во најновиот Извештај на Стејт департментот за 2022 година.

Во Извештајот на Стејт департментот се реагира и на недостигот на одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани за насилство врз новинари, злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон припадници на ЛГБТ-и заедницата во земјава.

„На некои локации, условите во затворите беа сурови поради сериозната пренатрупаност, недостигот на храна и несоодветните санитарни услови. Одредени поголеми затворски одделенија останаа пренатрупани, а целокупниот затворски систем остана со недоволно персонал, корумпиран и ги изложува затворениците на нехумани и понижувачки услови“, се наведува во Извештајот на Стејт департментот за условите во македонските затвори.

Се забележува дека во некои случаи, во една ќелија од затворот „Идризово“ се сместени од 16 до 19 затвореници, цитирајќи го извештајот на Народниот правобранител дека лоши услови се забележани и во повеќето други затвори во земјава. Па така, за кумановскиот затвор останува проблемот со пристап до вода за пиење и канализација. Само пет од 11 затвори имаат лекар со полно работно време на располагање на затворениците.

Во делот на независноста и автономноста на судството, во Извештајот на Стејт департментот се наведува дека Уставот предвидува автономни и независни судови, но дека македонската влада не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност.

Случаите на несоодветно постапување на судии, непожелниот политички притисок и притисокот од бизнисот врз судиите, задоцнетата правда, како и несоодветното финансирање и вработување во судството во континуитет ја намалуваа и забавуваа судската ефикасност и влијаеја на довербата на јавноста во владеењето на правото“, се наведува во Извештајот на Стејт департментот.

Според Судскиот совет, екстремно ниската доверба на јавноста во судството се должи на значителна судска корупција. Граѓанските организации и медиумите истовремено известија за фрустрација на јавноста во врска со состојбата со судството во земјата, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

Во Извештајот за почитувањето на човековите права за минатата година се забележува и на слабо спроведување на законите кои спречуваат силување и семејно насилство во Македонија, иако за ова има затворски казни утврдени со закон за сторителите.

„Законот се спроведуваше во случаи кога жртвите поднеле обвиненија, но има многу случаи кога тие не поднеле. Народниот правобранител ги окарактеризира казните против осудените престапници како „премногу благи“ и вели дека тие не придонесуваат за намалување и елиминирање на тешките форми на семејно насилство, ниту пак обезбедуваат доволна заштита на жртвите“, стои во Извештајот на Стејт департментот.

Во делот на сексуалното вознемирување на работното место, кога жртвите барале правни лекови, владата ефективно го спроведувала законот што го забранува ваквото вознемирување, но се забележува дека сексуалното вознемирување на жените на работното место останува проблем, бидејќи жртвите не ги проследуваат случаите поради страв од публицитет и можно губење на работното место, се наведува во Извештајот.

Стејт департментот реагира дека мажите и жените по закон имаат ист правен статус, но во економијата доживеале дискриминација. Иако законите биле ефективно спроведени, сепак во одредени заедници имало практика мажите да го насочуваат правото на глас при гласањето на обесправени жени-членки во семејството.

„Жените не можат да работат во истите индустрии како мажите, а не постои правна основа која предвидува еднаква плата за еднаква работа“, стои во Извештајот на Стејт департментот.

Во однос на слободата на изразување, Стејт департментот го цитира Здружението на новинари на Македонија кое наведува дека владата покажала недостаток на капацитет за ефективно санкционирање на прекршителите на правата на новинарите и за заштита на нивната безбедност. Во Извештајот за почитувањето на човековите права се нотира усвојувањето на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда минатата година, што довело до значително намалување на казните за тужени медиуми и новинари за навреда и клевета.

Во делот на навреди и вознемирувања, се наведува случајот за нападот на блогерот Зоран Божиновски пред неговиот дом во Битола на 25 октомври лани. Се нотираат и заведените случаи во ЗНМ за повикување на новинари на „информативни разговори“ од МВР, наведувајќи го случајот со новинар кој бил повикан во полициска станица на 16 мај лани.

„Искусни новинари и водечки медиуми изразија загриженост во врска со засиленото руско злонамерно влијание и дезинформации, кое првенствено доаѓа преку зголеменото присуство на српските медиуми во земјата“, се наведува во Извештајот на Стејт департментот.

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните американски изјави...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз небото над Иран“, и покренува прашања за улогата на Вашингтон во конфликтот

Претседателот на САД, Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот потенцираше: „Сега имаме целосна и потполна контрола врз небото над Иран“ - тврдење што отстапува од претходните...