понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: 2022 | 17 резултати

ДЗС: Стапката на невработеност се намалила на 14 отсто на крајот од 2022

март 10, 2023

Стапката на невработеност во Македонија на крајот од 2022 година се намалила на 14 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на невработени на крајот од четвртиот квартал лани изнесувал 112.227 лица, што претставува намалување за над 7.200 лица во споредба со првиот квартал од 2022 година. Во проценти, стапката на невработеност на почетокот […]

Катастрофален пад на бројот на патници во скопскиот јавен превоз [инфографик]

март 2, 2023

На градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз лани биле превезени нешто помалку од 28,5 милиони патници, што е за фрапантни 15 милиони патници помалку во споредба со бројот на превезени патници што ЈСП-Скопје го имал пред почетокот на ковид-19 пандемијата. За експертите ова се катастрофални резултати во работењето и бараат час поскоро да се вратат […]

Политиката во земјава во 2022 година: Без волја за соработка, со континуирани барања за избори

јануари 15, 2023

Од политички аспект, 2022 година беше една мирна година, со континуирани барања од опозициските партии, главно од ВМРО-ДПМНЕ, за одржување на предвремени парламентарни избори, кои Владата не ги прифати, и според нив, нема да има други избори освен оние редовните во 2024 година. По поразот на СДСМ на изборите во октомври 2021 година, кои беа […]

2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите

јануари 14, 2023

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос […]

Метаверзум, заштита на лични податоци, хаос на Твитер – како се променија социјалните мрежи во 2022?

јануари 9, 2023

Од вложувањата на Мета милијарди долари во остварување на Метаверзумот, преку големите промени на Твитер и обидите за забрана на ТикТок во САД, до отпуштањата на десетици илјади работници поради економските пост-пандемиски проблеми на технолошките гиганти – 2022 година ја одбележаа неколку големи настани во однос на развојот и иднината на социјалните мержи. Најголемо внимание, […]

И во 2022 жените беа во сенка на мажите во земјава

јануари 8, 2023

Иако сите функционери во Северна Македонија се изјаснуваат дека се за родова еднаквост, според делата и 2022 година беше „машка“ во однос на жените на кои не им беше доделено заслуженото место, особено на високи раководни позиции. Порталб.мк ви носи преглед на проблемите и предизвиците на ова поле кои ја одбележаа годината што ја оставаме […]

Минатата година во сферата на евроинтеграциите беше успешна за земјава

јануари 8, 2023

2022 година може да се смета како успешна година за Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. По многу перипетии, на 19 јули земјава доби зелено светло за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Ова успеа да се случи со интервенирање на Франција, која даде еден предлог за двете земји, што на почеток не беше прифатен […]

Здравство во 2022 година: Годината мирна, болестите – хронични

јануари 4, 2023

Во здравството минатата 2022 година ја одбележаа низа случувања, од кои првиот беше промената на министрите уште во јануари. Така, наследник на Венко Филипче, кој го водеше ресорот четири години, стана Беким Сали од политичката партија Алтернатива. Во текот на целата година, како и неговиот претходник, Беким Сали мораше да се справува со пандемијата која […]

Магазинот „Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“ за 2022 година

декември 7, 2022

Угледниот магазин „Тајм“ денеска го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски за „личност на годината“ за 2022 година, додавајќи дека тој ги инспирирал Украинците и освоил светски признанија за неговата храброст да се спротивстави на руската инвазија. Одбивајќи да го напушти главниот град на Украина со избувнувањето на војната, поранешниот комичар и глумец ги собра своите […]

Вархеји: Северна Македонија има издржан реформски напредок кон ЕУ

октомври 12, 2022

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ги презентираше извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент. Во врска со извештајот за Северна Македонија, тој изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес. „Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, […]

Годинава намален бројот на шумски пожари и за десетици пати намалена опожарената површина

септември 11, 2022

По катастрофалните шумски пожари што ја зафатија лани земјава, годинава состојбата со превенирање на шумските пожари е драстично подобрена. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што опожарена била површина од 733,02 хектари, додека опожарената дрвна маса изнесувала 4.621 метри кубни, информираат за Мета.мк од ЈП Национални […]

ЦГК: Активната транспарентност на институциите годинава е подобрена

август 18, 2022

Просечната активна транспарентност на институциите е подобрена за 10 процентни поени во 2022 година во однос на лани, покажува редовното годишно рангирање на Владата, министерствата и општините според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер. Во рангирањето се вклучени 98 институции од земјава, односно Владата, сите министерства и сите општини, […]

Анализа на банкарската 2022: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, намалена од фирмите!

февруари 12, 2022

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та, вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица, а […]

Страна 1 од 1