ДЗС: Стапката на невработеност се намалила на 14 отсто на крајот од 2022

-

Стапката на невработеност во Македонија на крајот од 2022 година се намалила на 14 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на невработени на крајот од четвртиот квартал лани изнесувал 112.227 лица, што претставува намалување за над 7.200 лица во споредба со првиот квартал од 2022 година. Во проценти, стапката на невработеност на почетокот од 2022 година била 14,7 отсто, што пак значи дека за една година опаднала за 0,7 отсто.

Бројот на вработени на крајот од 2022 година изнесувал 690.053 лица, односно стапката на вработеност изнесувала 47,2 отсто и била идентична со почетокот на минатата година. Идентично како и кај невработените лица, статистичките податоци говорат дека и бројот на вработени лица во земјава постепено се намалувал во изминатите четири квартали од 2022 година.

Како и во текот на минатите години, традиционално најголема стапка на невработеност има кај младите на возраст од 15 до 24 години. Во четвртиот квартал од минатата година стапката на невработеност кај младите изнесувала 31,8 отсто. Наспроти младите, најниска стапка на невработеност од 10 отсто имало кај лицата на возраст од 50 до 64 години.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...