Анализа на банкарската 2022: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, намалена од фирмите!

-

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та, вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица, а останатите 48 отсто се кредити на корпоративниот сектор. Лани регистриран е пад на каматите на кредитите.

Кредитирање на домаќинства – се намалиле долговите на кредитните картички..

На крајот од декември 2021-та година домаќинствата во банките должеле 3,24 милијарди евра. И лани регистриран е раст на кредитната активност на домаќинствата, со најголем раст на потрошувачките и на станбените кредити.

„Гледано на годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,8 отсто, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории е забележан годишен раст од 7,2 отсто и 15,5 отсто, соодветно“, наведуваат од Народната банка.

                                   Кредити дадени на физички лица

Потрошувачки кредити                     1,71 милијарди евра

Станбени кредити                              1,10 милијарди евра

Кредитини картички                         166,2 милиони евра

Негативни салда                                  95,7 милиони евра

Автомобилски кредити                       3,8 милиони евра

Други кредити                                       42,3 милиони евра

                                                                                  Извор: НБРСМ

Според анализата што ја направи Порталб.мк врз основа на податоците, лани граѓаните се потрудиле да ги намалат долговите на кредитните картички, додека пак се зголемил долгот на негативните салда. Конкретно, кредитите одобрени на кредитни картички на годишно ниво се намалиле за 8,5 отсто, од друга страна негативните салда на тековните сметки се зголемиле за 1,5 отсто. Голем раст од цели 32,5 отсто е регистриран кај кредитите одобрени “по други сонови“.

Ланската година помина во знакот на олеснување на условите за кредитирање на физичките лица и според банкарите овој тренд се очекува да продолжи и во оваа 2022 година.

„За првиот квартал од 2022 година, банките очекуваат натамошно нето-олеснување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата. Кај каматната стапка на станбените и потрошувачките кредити и понатаму се забележува нето-олеснување. Од аспект на останатите кредитни услови, провизиите (кај станбените кредити) и некаматните приходи (кај потрошувачките кредити) и понатаму забележуваат нето-олеснување, но посилно кај провизиите во однос на претходната анкета. Обврските за обезбедување кај станбените кредити забележуваат натамошно нето-заострување“, оцениле банкарите за потребите на Анкетата и посочиле дека конкуренцијата меѓу банките е клучен фактор кој го диктира трендот на олеснување на кредитните услови.

Во декември, просечната каматна стапка на кредитите за домаќинства изнесувала 5,18 отсто, а на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28 отсто.

Кредитирање на фирми – 62 отсто од кредитите во денари…

Кредитната активност на фирмите со поголемо темпо од физичките лица – на крајот од минатата година корпоративниот сектор во банките по основ на кредити должел 2,99 милијарди евра.

„Во декември вкупните кредити на корпоративниот сектор остварија месечен и годишен раст од 3,1 отсто и 8,7 отсто, соодветно. Анализирано според валутата, остварен е раст на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити во месечната и во годишната промена“, соопштија од НБРСМ.

За разлика од лани – годинава, според оценките на банкарите, се очекува намалување на побарувачката на кредити од страна на фирмите, иако од друга страна се очекува олеснување на кредитните услови.

„За првото тримесечје на 2022 година, банките очекуваат мало нето-намалување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата. За првиот квартал од 2022 година, банките очекуваат умерено нето-олеснување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити“, се наведува во Анкетата.

Во декември 2021-та, просечната плата на вкупните одобрени кредити на корпоративниот сектор изнесувала 3,48 отсто со намалување за 0,24 отсто на годишно ниво.

  Кредити одобрени на корпоративен сектор

Вкупно кредити                                                      2,99 милијарда евра

Кредити во денари                                                  1,85 милијарди евра

Кредити во странска валута                                 1,14 милијарди евра

Извор: НБРСМ

Најголем дел или 62 отсто од кредитите на фирмите се во домашна валута, додека останатите 38 се во странска валута. Во банкарската 2021 година, годишниот раст на вкупните кредити изнесувал 8,3 отсто.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...