четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Порталб анализа | 56 резултати

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

март 19, 2024

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк. Приходи и расходи на општините Поголема наплата од планираното по основ на данок на […]

(АНАЛИЗА) За вработувања на млади 32,4 милиони евра – дали мерките даваат долгорочни ефекти?

февруари 20, 2024

Највисоки, милионски суми за „самовработување“ и за „нови работни места“, се предвидени за млади невработени лица од 15 до 29 години. Со новиот Оперативен план за 2024 се предвидува вработување на 11.622, пред сè, млади луѓе, пишува Порталб.мк. Сепак, државните грантови се условени – враќање на парите доколку бизнисот пропадне или ако вработените останат без […]

Во Пошта вработени земаат плата, а не одат на работа, покажува физибилити студија

февруари 4, 2024

Лоша организација и менаџирање на Поштата низ целата територија на Северна Македонија, недостиг од дигитализација, мануелна работа и човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници кои не одат на работа. Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во Физибилити студијата на Поштата на Северна Македонија спроведена […]

(АНАЛИЗА) Само четири министерства успеале да реализираат над 90% од капиталните расходи во 2023 година

јануари 30, 2024

Најниска реализација на капиталните расходи во Министерството за локална самоуправа, а ресорите за информатичко општество и за здравство не успеале да реализираат ниту половина од капиталните расходи што биле планирани во 2023 та. Објавени се новите сумирани податоци за реализација на јавните инвестиции. „Порталб“ ги рангира ресорите според степенот на остварување на капиталните расходи кои […]

(АНАЛИЗА) Јавниот долг годинава ќе се приближи до речиси 62% од БДП

јануари 23, 2024

Годинава вкупниот јавен долг ќе ја надмине максималната зацртана граница од 60 отсто од БДП. Од следната година „на врата ќе тропнат“ за отплата еврообврзниците. Прашањето за одржливост на јавниот долг стана актуелно и проблематично од 2020 година кога започна и трендот на пораст. Од 2018 година, според пресметката на Порталб вкупниот јавен долг е зголемен […]

(АНАЛИЗА) Економијата во изборната 2024: бавен економски раст, едноцифрена инфлација, буџетски популистички трошења

јануари 2, 2024

Новата 2024 година стартува со прелеани ризици од 2023 – битката со инфлацијата продолжува. Економскиот раст повторно под ризик и од внатрешни и од надворешни фактори, пишува Порталб.мк. Извесните „двојни“ избори дополнително ќе го „зачинат“ економскиот амбиент – државата ќе „истура“ пари, бизнисот воздржано ќе ја чека политичката постизборна разврска. Стари ризици и проблеми во […]

Инфлацијата ќе биде едноцифрена, а економијата во позитивна зона

јуни 28, 2023

Инфлацијата ќе биде едноцифрена, но повисока во однос на претходните проценки за годинава. Економијата ќе остане во позитивна зона, но со пониска стапка на раст од сега предвидената, пишува во анализата на Порталб.мк. Новата Фискална стратегија 2024-2028 со нови проценки и прогнози кои можат да бидат „предвесник“ на ребалансирање на буџетот. Раст на БДП за […]

Понудата за влез во владата неочекувано го премисли ВМРО за уставните измени, ДУИ подготвена да се „жртвува“

јуни 11, 2023

Експертите и познавачите на политичките прашања ја гледаат како позитивна ненадејната промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, за кои во изминатиот период оваа партија спроведуваше остра, националистичка и популистичка кампања за асимилација и бугаризација на Македонците и истата ја искажа и преку протести на улиците. Партијата беше до тој степен против, […]

Користењето на вештачката интелигенција без стратегија ги изложува граѓаните на ризик, државата сè уште нема почнато процедура

април 8, 2023

Употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во недостиг на стратегија или регулатива, ги изложува граѓаните на ризик од потенцијална злоупотреба. Република Северна Македонија формираше работна група за Националната стратегија за вештачка интелигенција, но од 2021 година одржан е само еден состанок, пишува Порталб.мк. Презентирањето на роботот Chat GPT, кој има способност да разговара како човек со […]

Порталб анализа: Повисока инфлација и ценовен притисок и во 2023!

јануари 17, 2023

Ценовниот притисок ќе продолжи и годинава. Економските аналитичари во однос на владините проценки прогнозираат повисока инфлација. Продолжената неизвесност поради војната во Украина и годинава ќе резултира со високи ценовни нивоа на примарните производи и на енергенсите, пишува Порталб. Цени на нафта, метали, суровини… Странската инфлација во раст, повисок ценовен притисок се очекува кај сите позначајни […]

Порталб анализа: Kолкави плати ќе има во министерствата и во судството во 2023 година?

декември 6, 2022

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и в година ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари, пак, се намалува просекот во Собранието и во 2023 година ќе изнесува 66.900 денари. Порталб.мк ги рангира платите во министерствата, судството и во агенциите. Поголема бруто плата во министерствата  Во Министерството за образование […]

АНАЛИЗА Нова должничка листа: Тетово со 14,3 милиони евра, а Гостивар со скоро 8 милиони евра долг!

ноември 8, 2022

Само за три месеца, внатрешниот државен долг се зголеми за скоро 6,5 милиони евра. На крајот од третиот квартал од годинава, доспеаните, а неплатени обврски на јавните претпријатија, министерства, здравство, образование, култура, општините, достигнаа 405,7 милиони евра. Во првиот дел од анализата Порталб нуди преглед на должничката состојба во која се наоѓаат општините и јавните претпријатија […]

АНАЛИЗА: За плати во јавен сектор 538 милиони евра – увид во платите во министерствата

јуни 6, 2022

Годинава за исплата на плати во јавниот сектор ќе се потрошат нешто повеќе од 538 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот планирано е зголемување на сумата за 1,7 отсто, но од Владата тврдат дека растот нема да биде како последица на порастот на бројот на вработени, пишува Порталб.мк. „Расходите за исплата на платите се проектирани на […]

Анализа на Порталб: Банките во пресметка – раст на каматите за кредити и за депозити

април 27, 2022

Литар масло за јадење 2,5 евра. Празнично зголемена потрошувачка – но и зголемени цени на прехранбените производи. Инфлацијата и натаму ќе забрзува. Токму со ова образложение Народната банка направи „скромен”, но прв чекор кој навестува затегнување на монетарната политика, пишува Порталб.мк. Банкарите велат дека се пресметуваат повисоки камати за кредити и за депозити. Каматите ќе растат […]

Порталб анализа: Паѓаат каматите на депозитите и на кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања

април 5, 2022

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1 отсто. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9 отсто во февруари, пишува Порталб.мк. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена […]

Анализа на „Порталб“: Економски последици – кризно „цунами“ од Русија, преку Украина и ЕУ до Македонија!

март 4, 2022

Пред околу 15 години Русија беше еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, со трговска размена поголема од 660 милиони евра. Петнаесеттина години подоцна – Русија е на 20. место како трговски партнер на земјава. Но, и натаму останува високата зависност на земјава од руските енергенси – од гасот кој од Русија преку Украина и […]

Анализа на Порталб: Општини, болници, јавни претпријатија со најголеми долгови [Инфографик]

февруари 22, 2022

Општина Тетово повторно се искачи на високото „трето“ место на долгата должничка листа на Министерството за финансии. Меѓу субјектите со највисоки износи на долгови освен општините се и државни фирми и јавни претпријатија. Милионски износи на долгови пријавиле и јавните здравствени установи. Порталб.мк ги рангира и анализира субјектите со најголеми износи на доспеани, а неплатени обврски. […]

Порталб анализа: За една година, нови 100 милиони евра долг на државните институции, општини, јавни претпријатија

февруари 16, 2022

Драматичен раст на долговите на јавните претпријатија – за само три месеци пораснале доспеаните а неплатени обврски и на јавните претпријатија и на државните фирми. Долговите ги зголемиле и општините и јавните здравствени институции. Заклучно со 2021 година, вкупните доспеани а неплатени обврски на државните институции, јавните претпријатија, министерствата, општините, државните фирми, надминаа 391 милион […]

Анализа на банкарската 2022: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, намалена од фирмите!

февруари 12, 2022

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та, вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица, а […]

Порталб анализа: Сите досегашни премиери – банкари, бизнисмени, професори

јануари 11, 2022

Професори, економисти, бизнисмени, правници, банкари – со различни образовни звања и од различни сектори беа „регрутирани“ досегашните премиери на државата. Од осамостојувањето до денес, на Илинденска бр. 2 во премиерскиот кабинет поминаа 10 имиња – некои со двоен мандат, а на некои премиерскиот мандат се броеше во денови. Во очекување на гласањето на новата влада […]

Страна 1 од 3