fbpx

Анализа на Порталб: Банките во пресметка – раст на каматите за кредити и за депозити

-

Литар масло за јадење 2,5 евра. Празнично зголемена потрошувачка – но и зголемени цени на прехранбените производи. Инфлацијата и натаму ќе забрзува. Токму со ова образложение Народната банка направи „скромен”, но прв чекор кој навестува затегнување на монетарната политика, пишува Порталб.мк. Банкарите велат дека се пресметуваат повисоки камати за кредити и за депозити.

Каматите ќе растат

По потегот на Народната банка за зголемување на референтната каматна стапка, ние како банки мора да ги зголемиме каматите и на кредитите и на депозитите. Тоа е регулирано законски, уште пред две години, кога НБМ воведе регулатива со која каматите на депозитите и на кредитите мораше да бидат променливи, односно врзани за референтната камата, објаснуваат банкари за Порталб.мк.

„Зголемувањето на референтната камата не е мало, тоа е за 20 отсто во однос на претходната камата на благајничките записи на НБМ. По автоматизам и ние мора да ги зголемиме каматите и на депозитите и на кредитите бидејќи тоа е во согласност со регулативата“, вели менеџер на една банка.

Со фиксна камата главно се краткорочни кредити за фирмите, а фиксна камата, но само во одреден период, има и кај станбените кредити, останатите кредити, потрошувачки, кредитни картички, со променлива каматна стапка и токму кај нив ќе има зголемување на каматите, објаснуваат банкарите.

Народната банка одлучи да ја зголеми основната камата на благајничките записи поради растечката инфлација.

„Беше одлучено да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., пред сѐ како превентивен одговор на сѐ повисоките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и надолни ризици за неа во следниот период“, соопштија од НБРМ.

Според економистите кои ги консултираше Порталб.мк, зголемувањето на основната камата на благајничките записи е ниско, но навестува дека следува период во кој „парите ќе станат скапи“.

„Ова е прво зголемување на референтната каматна стапка по повеќе години, па легитимни се дискусиите и стравувањата дали тоа би покренало зголемување на каматните стапки на банките во делот на кредитите и депозитите. Мојот став е дека не очекувам придвижувања во таа насока веднаш, од најмалку две причини. Прво, затегнувањето на монетарната политика е многу мало, само 25 базни поени, и со таа корекција, монетарната политика и понатаму останува во акомодативна зона, односно новото ниво од 1,5 отсто е сè уште пониско од нивото кое го имавме пред пандемијата. Второ, обемот на благајнички записи остана непроменет, 10 милијарди денари, што значи нема затегнување по тој основ, односно скоро никаков ефект врз ликвидноста во банкарскиот систем. Тоа е и логично, затоа што целта на монетарното затегнување е смирување на инфлациските очекувања, односно целта е сигнално дејствување, а не намалување на побарувачката бидејќи притисоци на таа страна воопшто и не постојат. Напротив, ризиците од забавување на економската активност се изразени“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески и додава:

„Меѓутоа, мора да се има предвид дека овие ризици се придружени со ценовни притисоци главно од геополитичките поместувања и воените дејства во Украина, што понатамошно се повеќе ќе го стеснува просторот за акомодативна монетарна политика. Тоа значи дека и времето на ниски каматни стапки заврши и тенденциите ќе бидат во насока на зголемување на каматните стапки, вклучително и на тие на кредитите. Тие околности граѓаните и компаниите мора да ги имаат предвид, особено кога одлучуваат за подолгорочно позајмување од банките со каматна стапка која не е фиксна“.

Повисоки камата – стимул за зголемено штедење но воздржано кредитно задолжување…

Дел од експертите велат дека потегот за зголемување на референтната каматна стапка на благајничките записи таргетирана е уште една цел – да се стимулира штедењето, особено на граѓаните. Но, од друга страна пак поскапувањето на кредитите ќе ја забави кредитната активност, односно ќе ја зголеми воздржаноста од земање на нови кредити.

„Поинаква е состојбата со депозитите на фирмите каде се забележува дека тие поради повисоките трошоци за работа, поскапа струја, транспорт, ги трошат штедните влогови за да можат да работат. Приватниот сектор се соочува со ликвидносни проблеми и тие ги ублажуваат со трошење на резервите односно депозитите“, објаснуваат банкарите.

Веќе е извесно дека банките пресметуваат нови, повисоки камати и за штедењето но и за кредитирањето. На почетокот од годинава, односно во јануари каматните стапки на вкупните кредити на домаќинствата и на претпријатијата не забележаа промени во однос на претходниот месец и изнесуваа 5,2 отсто и 3,5 отсто, додека пак раст на каматите се забележа на новоодобрените кредити на претпријатијата и на домаќинствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...