Порталб анализа: Паѓаат каматите на депозитите и на кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања

-

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1 отсто. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9 отсто во февруари, пишува Порталб.мк. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите.

Камати на депозити  –  во банките лежат 7,49 милијарди евра штедни влогови…

Просечната каматна стапка на депозитите во јануари 2022 година изнесуваше 0,71 отсто. Оваа камата е најниска што е измерена на месечно ниво од јануари 2021 година. Каматите за штедење изминатите години бележат континуиран пад – особено за новопримените депозити на фирмите. Намалување на каматите има и за депозитите на граѓаните.

                               Просечна камата за вкупни депозити

Депозити на корпоративен сектор                 0,88%

Депозити на домаќинства                                0,70%

Во јануари вкупните депозити во банките изнесувале 7,49 милијарди евра, додека во првиот месец од годинава биле на ниво од 7,53 милијарди евра. Во јануари и во февруари, на месечно ниво, регистрирано е намалување на депозитната база, односно намалување на штедењето.

                                   Вкупни депозити на недржавен сектор

Јануари 2022 година                   7.531.442.463 евра

Февруари 2022 година               7.499.870.340 евра

Конкретно во февруари депозитите на месечно ниво се намалиле за 0,4% додека во јануари за 0,8% пришто позначаен пад има на депозитите на корпоративниот сектор.

                                          Вкупни депозити

Депозити на корпоративен сектор                    2.107.228.525 евра

Депозити на домаќинства                                  4.970.826.580 евра

Само кај депозитите на корпоративниот сектор во јануари е регистриран пад од 3,1 отсто а во февруари за 2,5 отсто. Според анализите од Народната банка намалувањето на депозитите се оценува како очекувано за првиот месец од годината.

„Вкупните депозити во финансискиот систем во јануари 2022 година остварија месечен пад од 0,8 отсто, наспроти растот од 2,5 отсто во претходниот месец, што е вообичаено движење за овој период. Од секторски аспект, промената е резултат на намалувањето на депозитите на претпријатијата, при речиси непроменета состојба на депозитите на домаќинствата“, соопштија од НБМ.

Сепак, трендот на намалување на депозитната база продолжи и во вториот месец од годинава а падот кај корпоративниот сектор е последица на намалување на депозитните пари, состојба која е очекувана во услови на прелеана економска криза во која компаниите трошат од депозитите за одржување на работата, односно ликвидноста. Сепак, на годишно ниво кај вкупните депозити во февруари регистриран е раст од 6,1 отсто.

Камати на кредити – раст на кредитирањето…  

Во февруари граѓаните и фирмите по основ на кредити во банките должеле 6,3 милијарди евра. За разлика од јануари кога на месечно ниво има стагнација на кредитирањето, во февруари е регистриран пораст од 0,9 отсто. На годишно ниво кредитирањето во февруари е со стапка на раст од 8,9 отсто.

                                             Кредити февруари 2022 година

Вкупни кредити                                                6.325.267.423 евра

Кредити на корпоративен сектор                   3.031.085.899 евра

Кредити на домаќинства                                   3.263.111.831 евра

Додека каматите за штедење не можат да надминат 1 отсто – просечната камата за кредити изнесува 4,35 отсто.

„Во јануари 2022 година, каматните стапки на вкупните кредити на домаќинствата и на претпријатијата не забележаа промени во однос на претходниот месец и изнесуваа 5,2 отсто и 3,5 отсто, соодветно. Каматните стапки на новоодобрените кредити на претпријатијата и на домаќинствата се зголемија во однос на претходниот месец и изнесуваа 3,5 отсто и 4,4 отсто, соодветно“, велат од НБМ.

            Просечна камата на кредити (февруари 2022)

Кредити на корпоративен сектор                  3,45%

Кредити на домаќинства                                 5,16%

Иако и сегашните камати за кредитирање се сметаат за ниски, граѓаните и фирмите внимателно се задолжувале во првите два месеци од годинава.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити како најзастапена категорија се зголемија за 0,5 отсто на месечна основа, при годишен раст од 7,2 отсто. Станбените кредити во февруари бележат месечен и годишен раст од 1,1 отсто и 15,5 отсто, соодветно. Кај автомобилските кредити, во февруари, е остварено месечно и годишно намалување од 2,3 отсто и 15,6 отсто“.

                                    Кредити на граѓаните (февруари 2022)

Потрошувачки кредити                             1,7 милијарди евра

Станбени кредити                                       1,1 милијарда евра

Кредитни картички                                      163 милиони евра

Граѓаните внимателни и со задолжувања преку кредитни картички и негативни салда на тековни сметки – на годишно и на месечно ниво кредитите одобрени на кредитни картички се со пад 0,9 отсто на месечно и и 5,7 отсто на годишно ниво. Според последните оценки на банкарите, тие очекуваа зголемена кредитна активност во првото тромесечје од годинава кое веќе заврши. Иако оваа година се очекуваше зголемување на економската активност – прогнозите сега се засенети од воената состојба во Украина, присутната енергетска криза и инфлациските движења.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...