fbpx
Таг: Порталб анализа

таг: Порталб анализа

Анализа: Економијата во 2021 година – од економско заздравување до енергетска криза

Економијата излезе од зона на рецесија. Раст на увозот и извозот. Дел од инфраструктурните проекти останаа „заглавени“, но по две децении ветувања започна изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце – стратешка за поврзување со Косово, нашиот значаен трговски пазар. Јавниот долг ги достигна највисоките вредности. Граѓаните се бореа со ценовен бран, Владата прогласи енергетска криза. „Порталб“ ги издвојува настаните и состојбите...

Порталб: Се ближат новогодишните празници – дали замрзнатите цени на храната ќе ја „одмрзнат“ трпезата?

Цените на основните прехранбени производи „замрзнаа“, но оваа мерка засега е со важност до крајот на јануари. Економистите велат дека привремено стандардот ќе се заштити, но мерката може да има и контраефект, пишува „Порталб“. Домашните и странските прогнози упатуваат на тоа дека ценовниот раст ќе се прелее и на следната година. Оваа економска година, дел од производите достигнаа ценовен пик. Празнично,...

Нов план за „борба“ со јавниот долг – задолженоста ќе се намалува, нови заеми преку нови обврзници!

„Се утврдува лимитот на вкупниот јавен долг на среден и долг рок којшто не треба да надмине ниво од 60 отсто од БДП“, се посочува во новата ревидирана Фискална стратегија 2022-2024 (со изгледи до 2026), а намалување на долговите се предвидени и во ревидираната Стратегија за управување со Јавниот долг. Но, оваа граница веќе е пробиена во текот на...

Порталб: Нова должничка листа – 816 државни субјекти пријавиле доспеани, а неплатени обрски!

Објавена е новата „должничка“ листа на државни субјекти. Според податоците, на крајот од третиот квартал вкупниот долг на училиштата, болниците, општините, јавните претпријатија, институциите од културата, судството изнесуваат 329,4 милиони евра. „Порталб“ во континуитет ја следи состојбата со доспеаните, а неплатени обврски на државните институции, фирми, агенции, судство, здравство.   Кој, колку и по кој основ должи? На крајот од третиот квартал...

АНАЛИЗА: Економското заздравување ќе зависи од силината на „ударот” на енергетската криза!

Нови, амбициозни проекции за „економски пресврт“ во следните 4 години – Владата објави нов План за забрзан економски раст, пишува Порталб.мк. Високи стапки на раст на БДП, драматично намалување на невработеноста, инвестиции што се бројат во милијарди евра. Од Владата велат: „Планот за забрзан економски раст е со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст“. Што...

Анализа на „Порталб.мк“: Возен парк на општините – од скромност до луксуз!

Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња и автобуси се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. „Порталб.мк“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот парк на поатрактивните општини во земјава. Интересно е дека во регистерот нема податоци за возниот парк...

Анализа на „Порталб.мк“: Нова „должничка“ листа – кои министерства, агенции, болници најмногу должат 

Растат долговите на државните институции, на дел од општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта. На крајот од првата половина од годинава тие достигнаа 332 милиони евра, пишува „Порталб.мк“. Во вториот квартал во споредба со првиот општините успеале да намалат дел од долгот, но раст на долговите има во здравството, на јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, на голем дел...

Анализа на „Порталб.мк“: Поскапи бензини, „подгреана“ инфлација!

На почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се продаваше за 72 денари а Еуросупер од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува „Порталб.мк“.  Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст...

АНАЛИЗА: Бруто надворешниот долг близу до 10 милијарди евра, каква е состојбата со јавниот долг?

Раст на бруто-надворешниот долг и на јавниот долг, но и намалување на државниот долг на крајот од август. Новите податоци покажуваат дека задолженоста на државата сепак се зголемила во првото економско полугодие. Овој тренд е очекуван, економијата уште се бори со ковид-рестрикции кои Владата треба да ги “амортизира“ преку директна помош и поддршка, велат економистите, пишува „Порталб“.  Според прогнозите задолженоста...

Анализа на „Порталб.мк“: Граѓаните се „вратија“ на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7 проценти

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво. Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8 проценти, а кредитите се со раст од 5,1 проценти, пишува „Порталб.мк“. Интересно е дека „јазот“ помеѓу депозитите и кредитите се зголеми за повеќе од една милијарда...

Анализа на „Порталб.мк“: Сè потешко се враќаат долговите, нефункционалните кредити на граѓаните со раст од 21,4 отсто

Од 2008 година кога светот ја живееше големата финанасиска криза, за прв пат во првиот квартал од оваа 2021 година е регистриран најголем квартален раст на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор во земјава. Неизвесноста поради пандемијата, но и поради темпото со кое се одвива вакцинацијата се клучните фактори кои невестуваат натамошно остварување на кредитните ризици на кои се изложени...

Порталб.мк: За 11 пати зголемен негативниот природен прираст, и селата влегоа во негативна зона [инфографик]

Освен Скопскиот регион, во сите останати седум плански региони лани е регистриран драматичен негативен тренд на природниот прираст на населението, што значи намалување на бројот на новородените, а пораст на смртните случаи, пишува „Порталб.мк“. Според демографите, ова е последица на здравствената криза која резултираше со речиси 5.500 смртни случаи од ковид-19 и поради која државата беше затворена и внатре...

„Порталб.мк“: За три години, 50 милиони евра се насочиле за развој на општините – дали и како се трошеле парите?

Почист воздух, подобра водоводна и канализациска мрежа, патишта... Милионски суми на средства секоја година се префрлуваат од централно на локално ниво. Во периодот од 2017 до 2019 година од централно ниво на општините се трансферирале скоро 50 милиони евра за програми и проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, пишува „Порталб.мк“. Станува збор за високи износи доделени...

Порталб.мк: (Не)достижно сценарио – за годишен раст од 4,1 отсто, секој квартал економијата ќе треба расте 6,1 отсто

И со ребалансираниот буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 проценти. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сè уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека БДП ќе се зголемува, инвестициите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб.мк“. Што велат економистите? Власта...

Порталб анализа: Едни општини ги „топат“ – други ги зголемуваат долговите, за три месеци вкупниот долг се зголемил за 2,2 милиона евра

Само во првиот квартал од годинава вкупниот долг на сите општини во земјава се зголемил за 2,2 милиона евра, во споредба со крајот на декември минатата година. Иако Владата законски овозможи намалување на долговите на локалните власти со директни финансиски инјекции, сепак, најновите податоци од Министерството за финансии упатуваат на тоа дека дел од општините го зголемиле долгот, а...

Анализа на Порталб.мк: Долговите на државни фирми, претпријатија, болници, општини и министерства достигна 312 милиони евра

Растот на долговите на државните институции, општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта, на крајот од првиот квартал од годинава достигнаа скоро 312 милиони евра, пишува во анализата на „Порталб.мк“. Новите податоци, и на квартално и на годишно ниво, покажуваат дека дел од општините го зголемиле долгот како и дека растат долговите кон приватниот сектор, во јавниот сектор и...

Анализа на Порталб.мк: Храната со повисоки цени од оние пред седум години-доаѓа ценовен бран

фото: порталб
Ценовното цунами на светските берзи ја зафати и Северна Македонија. Најновите  податоци  за мај покажуваат раст на цените, а со тоа и пораст на трошоците на живот. Народната банка на РСМ за годинава веќе ја зголеми проекцијата за инфлација на 2,2 отсто, пишува „Порталб“. Цените на маслото за јадење и натаму растат. По март, и во април статистичките податоци регистрираа зголемени трошоци на живот за...

Анализа на Порталб.мк за вработеноста во администрацијата: Основците доминираат во јавните претпријатија, само 2,4 отсто се доктори на науки

Речиси половина од вработените во јавниот сектор имаат високо образoвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно, од вкупниот број на вработени, 52.891 се со факултет, а 38.493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4 отсто има доктори на науки, додека 8,3 отсто се со основно образование. Од етничките Македонци, 46,1 отсто од вработени во...

Дигиталните пасоши на ЕУ за ковид-19: ограничување или олеснување

Веќе следната седмица, на 28 април, се очекува Европскиот парламент да даде зелено светло за дигиталниот пасош на ЕУ за ковид-19, откако веќе се согласи да примени итна постапка. Сепак, регулативите со кои се регулира ова прашање треба да ги усвои Советот на ЕУ – државите членки, а потоа треба да се донесат и спроведбени одлуки на Комисијата, за...

Порталб анализа: Вработени во администрација – „етничкиот клуч“ отвора различни врати

Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, а најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Податоците од новиот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...