fbpx

Анализа на Порталб.мк: Храната со повисоки цени од оние пред седум години-доаѓа ценовен бран

-

Ценовното цунами на светските берзи ја зафати и Северна Македонија. Најновите  податоци  за мај покажуваат раст на цените, а со тоа и пораст на трошоците на живот. Народната банка на РСМ за годинава веќе ја зголеми проекцијата за инфлација на 2,2 отсто, пишува „Порталб“.

Цените на маслото за јадење и натаму растат. По март, и во април статистичките податоци регистрираа зголемени трошоци на живот за 2,2 отсто во споредба со истиот месец лани, а во споредба со март, растот во април е за 0,7 отсто. Но, она што се забележува, според Државниот завод за статистика (ДЗС) е дека на месечно ниво поголеми стапки на раст има кај основните прехранбени производи.

Зголемените трошоци на живот се детерминирани од ценовниот раст, па така најновите податоци покажуваат дека во април, во споредба со истиот месец лани, цените на мало се зголемени за 3,7 отсто, најмногу непрехранбените призводи и тутунот за 6,8 отсто и кај индустриските производи за 5,1 отсто.

„Порталб“ веќе анализираше дека земјава е под наплив на ценовен бран. Литар масло за јадење веќе достигна 97 денари. Забележително е дека повисоки цени имаат и увозните производи, како чоколадото и слатките производи, но поскапени се и пецивата.

„Од пред неколку денови поскапеа пецивата. Еве, гевречето чини 18 денари, го поскапевме за три денари“, ни изјави продавачка од една скопска пекарница.

Растот на цените ќе продолжи, но сепак инфлацијата ќе остане умерена, уверуваат од Народната банка, која за годинава ја ревидираше прогнозата за инфлација на 2,2 отсто.

„Кај цената на нафтата, по падот од 35 отсто измината година, сега се очекува раст од околу 38 отсто, а потоа повторно умерен пад наредната година. Слична ценовна динамика се очекува и кај останатите енергенси, храната и кај металите“ , соопштија од НБМ и објаснуваат:

„Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увозните цени на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз финалните цени на производите“.

Ваквиот тренд на ценовен раст во земјава е очекуван, со оглед на тоа што на светските берзи веќе се регистрирани „пик“ цени на основните прехранбени производи и на суровинита за производство – највисоки во изминатите седум години. Според податоците од Организацијата за храна и земјоделство, шеќерот е поспакен за 60 Отсто, житариците за 26 отсто, а маслата за 24,1 отст.

Со растечка инфлација се соочуваат и земјите од регионот. Во Србија во април годинава, на месечно ниво, регистрана инфалција од 1,1 отсто, додека на годишно ниво од 2,8 отсто. И светските економии се соочуваат со растечка инфлација. На годишно ниво, во април, во САД е регистрирано зголемување на инфлацијата за 4,2 проценти, што е најголем ценовен пораст од септември 2008 година.

Додека статистиките бележат раст на цените, вредноста на денарот се „топи“ под напливот на поскапувањата. Повеќе од 42 отсто од трошоците на живот пресликани преку минималната кошничка на Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, одат за исхрана и пијалаци, а скоро 32 отсто за домување. Што значи дека дури 74 отсто од месечните трошоците на едно четиричлено семејство се за сметки за домување и за храна.

Синдикална кошница на ССМ за месец април 2021 година е зголемена за 204 денари, во однос на претходната за месец март, поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април, и тоа за исхрана и пијалоци за 1,2 отсто, на облека и обувки за 1 отсто и на хигиена за 1,1 отсто. Според пресметките на ССМ, за да се овозможи елементрана месечна живеачка за едно семејство од 4 члена,  потребни се 33.976 или 550 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...