fbpx

Порталб.мк: (Не)достижно сценарио – за годишен раст од 4,1 отсто, секој квартал економијата ќе треба расте 6,1 отсто

-

И со ребалансираниот буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 проценти. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сè уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека БДП ќе се зголемува, инвестициите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб.мк“. Што велат економистите?

Власта очекува економски триумфализам, опозицијата економска катастрофа..

Во првите три месеци од годинава – пад на економијата за 1,9 отсто, бруто-инвестициите во минус со 16,6 отсто. Овие негативни податоци се очекувани поради прелевањето на здравствената криза и во првите месеци од годинава, но според власта тие нема да ја засенат проекцијата дека оваа 2021 година ќе регистрираме стапка на раст на БДП од 4,1 отсто  – прогнозирана и во новиот ребалансиран буџет.

Според дел од аналитичарите, економијата во следните три квартали од годинава треба да испорача по 6,1 отсто раст, со исклучени сезонски ризици (фактори) за да се реализира прогнозата за раст на БДП од 6,1 отсто.

Како тоа ќе се случи? Без силни и релано проектирани инвестции – економијата нема да тргне напред, коментираат економистите. Само со агресивен инвестициски циклус ќе бидат достижни стапките на раст повисоки од 5 отсто кои се предвидуваат во следните години.

„Систематски висока стапка на економски раст од над 5 отсто е достижна, меѓутоа само со засилена стапка на инвестирање, вклучително и квалитетни инвестиции на државата. Последново е од особена важност, бидејќи ние ретко зборуваме или ги пресметуваме мултипликативните ефекти на јавните инвестиции. Таква стапка на раст ќе е одржлива ако е поддржана од робустни структурни реформи, од кои најкруцијални се оние што се однесуваат на човечкиот капитал односно образованието и квалитетот на институциите кои треба да обезбедат владеење на правото,“ вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Додека податоците за инвестициите засега се поразителни, намалувањето на странските директни инвестиции (СДИ) и падот на бруто-инвестициите воопшто, власта најави инвестициски бум од неколку милијарди евра. Токму ова според Владата ќе биде локомотивата за економскиот напредок.

„Инвестициите ќе имаат значајна улога во постепеното интензивирање на економијата. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 отсто во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции“, изјави премиерот Зоран Заев на презентацијата на ребалансот на буџетот.

Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се амбициозни и предизборни проекциите за економски раст во состојба кога показателите за странските инвестиции се катастрофални.

„Најпрво, БДП и понатаму останува високопроектиран или би рекла само желба на власта. Просечната стапка на раст за периодот 2017-2019 година е 2,4 отсто (значи без криза) и нема ниту една причина да очекуваме дуплирање на растот. Стапка на раст од 5 отсто како што проектираат во Фискалната стратегија, прво бара многу работа а не возење мотори за викенд, второ, бара инвестиции. Високи стапки на раст на БДП имаше во 2006, 2007 и 2008 година, но тогаш и бруто инвестициите беа високи и имавме комплетно друго економско опкружување со стабилна даночна политика и доверба на инвеститорите во власта. За овој период особено важно е дека инвестициите беа во основни средства кои се основа за подолгорочен и стабилен раст. За жал, последните години имаме раст на залихите од кои неможеме да очекуваме некоја постабилна иднина,“ вели Кочоска.

Наспроти опозицијата, власта е уверена дека оваа година економијата влегува во постковид период на опоравување. Се очекува раст на буџетските приходи за 4,7 отсто, но се зголемуваат и трошењата за 8,6 отсто. Буџетскиот дефицит се продлабочува на 6,5 отсто. Во новиот ребалансиран буџет се предвидува пад на невработеноста, а раст на вработеноста.

И според најновите анализи на НБРСМ, економијата влегува во зона на заздравување – но со сè уште присутни ризици.

„На среден рок, се очекува натамошно закрепнување на економијата, со стапка на раст од 3,9 отсто во 2022 година и 4 отсто во 2023 година. Ризиците околу основното сценарио и натаму се оценуваат како поизразено надолни“, велат од Народната банка.

Инаку според ММФ, годинава македонската економија ќе испорача раст од 3,5 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...