Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и в година ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари, пак, се намалува просекот во Собранието и во 2023 година ќе изнесува 66.900 денари. Порталб.мк ги рангира платите во министерствата, судството и во агенциите.

Поголема бруто плата во министерствата 

Во Министерството за образование и наука, каде што просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, в година е планиран раст за 13.500 денари. Со тоа, просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од скоро 15.000 денари има и во Министерството за финансии, со што во 2023 година, просечната бруто плата ќе достигне 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан во Министерството за внатрешни работи, каде што в година просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување и во Министерството за одбрана, со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

Повисоки плати во МНР

Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи, просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари. Раст на просечната бруто плата има и во Министерството за здравство и ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава. За 2.500 се зголемуваат и просечната бруто плата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари.

За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде просекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари.

За 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа и в година ќе изнесува 50.214 денари. Намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната бруто плата ќе изнесува 38.282 денари. Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари.

Просечни бруто плати во судство, агенции

Зголемување на пресекот има во следниве институции: Агенција за вработување со просечна бруто-плата од 38.474 денари, за 6.500 денари се зголемува и просекот во Државниот завод за статистика и ќе достигне ниво од 50.902 денари, за 3.500 денари ќе се зголеми бруто платата во Агенцијата за млади и спорт и ќе достигне 46.099 денари, раст за 4.400 денари има и во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде просечната бруто плата ќе изнесува 49.550 денари. За 7.600 денари се зголемува просечната бруто плата во Дирекцијата за слободни економски зони (ТИРЗ) и догодина ќе изнесува 48.900 денари. Во МАНУ бруто платата догодина незначително се намалува и останува на речиси исто ниво од околу 45.500 денари.

Во Советот на јавни обвинители просекот на бруто платата ќе изнесува 92.745 денари што е за 500 денари повеќе во однос на годинава, во Јавното обвинителство пресметана е просечна бруто плата по вработен од 66.749 денари, за 3.600 денари повеќе од оваа година. Во судската власт (основни судови, Апелационен суд, Врховен суд…) просечната бруто плата догодина ќе изнесува 52.401 денари, за 130 денари повеќе во однос на 2022 година.