fbpx

АНАЛИЗА: За плати во јавен сектор 538 милиони евра – увид во платите во министерствата

-

Годинава за исплата на плати во јавниот сектор ќе се потрошат нешто повеќе од 538 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот планирано е зголемување на сумата за 1,7 отсто, но од Владата тврдат дека растот нема да биде како последица на порастот на бројот на вработени, пишува Порталб.мк.

„Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 33,2 милијарди денари во чии рамки содржани се ефектите од контрола на новите вработувања, оптимизација на јавната администрација, како и ефектот на усогласувањето на платите на вработените кај буџетските корисници со минималната плата“, се наведува во Ребалансот на Буџетот.

Дополнително, сумата за плати е зголемена и поради зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на платите во образованието а ќе се зголемат и блок дотаците до општините наменети за покачување на платите на вработените во градинките, како и за вработените во основните и средните училишта за 15 отсто, почнувајќи од септември 2022 година.

„Порталб.мк“ поради големиот број на државни институции, агенции, комисии, заводи, инспекторати, фондови, ќе ги објави платите и бројот на вработени во јавниот сектор.

Во министерствата во однос на лани – раст на платите, но и намалување на бројот на вработени…

Просечна бруто плата од 51.755 денари има во Министерството за економија со раст за 4.000 во однос на лани, а во овој ресор работат 269 лица, 6 помалку во однос на лани.

Во Министерството за локална самоуправа просечната бруто плата изнесува 54.680 денари, со раст во однос на лани. Во ова министерство вработени се 56 луѓе, двајца помалку во однос на 2021.

Просечната бруто плата во Министерството за здравство изнесува 47.521 денари – со раст во однос на лани, а во овој ресор вработени се 194 лица.

Во Министерството за култура со 200 вработени пресечната бруто плата изнесува  47.022 денари – со раст во однос на лани за 3.050 денари.

Просечната бруто плата во Министерството за информатичко општество, во кое се вработени 245 вработени, изнесува 37.988 денари – со раст од 4.500 во однос на лани.

Под Министерството за образование се водат 7.441 вработен а просечната бруто плата изнесува 45.326. Во овој ресор во однос на лани просекот е намален 6.250 денари.

Министерството за труд и социјална  политика има 1.924 вработени – во однос на лани намалување за 72, просечната бруто плата по вработен изнесува 40.600 денари, зголемена за околу 2.500 денари.  Просечната бруто плата во Министерството за земјоделство изнесува скоро 41.000 – со раст од околу 4.000 денари во однос на 2021 година. Во овој ресор бројот на вработени е намален на 1.046.

Во Министерството за транспорт и врски, со 255 вработени, просечната бруто плата изнесува 45.550 денари, со раст во однос на лани за 5.000 денари. Просечната бруто плата во Министерството за животна средина, со 216 вработени, изнесува 46.600 денари со раст од 4.500 во однос на лани. Просекот на бруто платата во Министерството за финансии изнесува 45.700 денари – со раст од 3.700 денари во однос на лани. Во овој ресор за годинава се обезбедени пари за плати за 687 вработени чиј број во однос на лани е намален за 18.

Во Министерство за правда со 217 вработени просечната бруто плата изнесува скоро 43.500 денари со раст од околу 4.300 денари во однос на лани, а во Министерството за внатрешни работи со 11.780 вработени 58.000 денари. Просекот на бруто платата во Министерството за одбрана, со 7.580 вработени, изнесува 48.000 денари а во Министерството за политички систем, со 354 вработени, изнесува 43.154 денари. Во однос на лани бројот на вработени во ова министерство е намален за 38.

Ресор кој предничи според висината на прсечната бруто плата е Министерството за надворешни работи – скоро 117.000 денари а вработени се 444 лица.

Во Секретаријатот за европски прашања, со 97 вработени, просекот на бруто платата изнесува 53.000 денари – со раст за 5.400 денари во однос на лани. Во владината Служба за општи и заеднички работи, со 379 вработени, просечната бруто плата изнесува 40.800 денари и тука има зголемување во однос на ланската година. Во Влада се вработени 376 луѓе а просечната бруто плата изнесува 58.800 денари.

Во второто продолжение на анализата на Порталб.мк ќе ги објавиме платите и бројот на вработени во инспекторатите, агенциите, комисиите, фондовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...