fbpx

СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски и другите обвинети во „Титаник“, за ВМРО ова е дефокусирање

-

По вчерашното признавање вина на поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ во судскиот процес за случајот „Титаник“, од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска побараа од Христијан Мицкоски и сите високи функционери кои во минатото биле инволвирани во изборни измами и притисоци врз граѓаните да си поднесат оставка од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште има лица за кои има повеќе обвиненија. Таков е Антонио Милошоски, кој е член и на Извршниот комитет, таков е Игор Јанушев. Поголем проблем е што останатите инволвирани во овој случај се уште не ја признаваат вината а очигледно е дека се длабоко инкриминирани. Како Илија Димовски кој секојдневно настапува во име на партијата. Христијан Мицкоски, кој беше советник на Груевски и негов генерален секретар треба да излезе пред граѓаните и јавно да им се извини“, изјави денеска Костадин Ацевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Од СДСМ бараат итно мора да поднесат оставки сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои се на било кој начин поврзани со овие веќе осудени лица кои сами признаваат вина.

„Го повикуваме Христијан Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки и да се повлечат“, изјави Ацевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на прес-конференцијата на СДСМ, во која велат дека владејачката партија ја дефокусира јавноста и дека СДСМ се легитимира зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството.

„Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање. Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболициран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, барањето на СДСМ за оставки доаѓа откако вчера поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина во судскиот процес за случајот „Титаник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...