недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: барање | 126 резултати

Мицкоски денеска со протест пред влада ќе бара предвремени парламентарни избори

18 јуни 2022

ВМРО-ДПМНЕ и помалите партии од опозициската коалиција денеска со почеток од 20 часот ќе одржат протест пред владиното седиште во центарот на Скопје. Христијан Мицкоски на овој начин ќе притисне за одржување на предвремени парламентарни избори во земјава наесен, иако ставот на СДСМ и владејачкото мнозинство е дека наредните избори ќе се одржат во редовниот […]

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да се пренамени во студентски дом, бараат студентите

8 јуни 2022

Конфискуваното седиште на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да биде пренаменето во студентски дом, бараат студентите и директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, откако Основниот кривичен суд Скопје денеска одлучи да ја конфискува Белата палата. Од Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ велат дека оваа идеја ја дискутираат веќе извесно време и дека по донесувањето на судската одлука […]

Финска и Шведска и официјално ги поднесоа барањата за членство во НАТО

18 мај 2022

Финска и Шведска денеска и официјално ги поднесоа најавените барања за членство во НАТО, јавува Би-би-си. Со ова, започнува процесот на пристапување на двете скандинавски земји, за којшто резерви против нивното членство засега најави единствено Турција. Во четврток е планирано лидерите на Финска и Шведска да имаат состанок со американскиот претседател Џо Бајден. Генералниот секретар […]

СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски и другите обвинети во „Титаник“, за ВМРО ова е дефокусирање

12 февруари 2022

По вчерашното признавање вина на поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ во судскиот процес за случајот „Титаник“, од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска побараа од Христијан Мицкоски и сите високи функционери кои во минатото биле инволвирани во изборни измами и притисоци врз граѓаните да си поднесат оставка од ВМРО-ДПМНЕ. „Во Извршниот комитет на Мицкоски […]

Уставен суд го отфрли барањето на Каракамишева за поништување на Преспанскиот договор

2 февруари 2022

На својата трета седница за годинава, денеска Уставен суд го отфрли барањето да се поништи Преспанскиот договор, поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година. Каракамишева побарала „заштита на слободите и правата“, односно навела дека е „повредено правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата […]

Малите владејачки партии бараат една изборна единица или се закануваат со предвремени избори

14 јануари 2022

Пет пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ ја условуваат поддршката на новата влада предводена од Димитар Ковачевски со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик во Собранието на РСМ. Пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од […]

Сојузот на средношколци од кандидатите за градоначалници бара праведен јавен превоз за сите средношколци

26 октомври 2021

Сојузот на средношколци ги контактираше кандидатите за градоначалници на Скопје кои се натпреваруваат во вториот круг од Локалните избори 2021 година, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат средношколците околу јавниот превоз, информираат од таму. Имено, Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое […]

Топланите бараат зголемување на цената на парното, РКЕ наредната недела ќе одлучи за колку

23 јули 2021

Сите компании кои испорачуваат топлинска енергија бараат зголемување на цената на парното греење за претстојната грејна сезона. Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека ги добиле нивните барања. Според нив, ЕСМ Енергетика бара зголемување на крајната цена што ја плаќаат граѓаните и компаниите за 64,79 отсто, Скопје-Север за 15,54 отсто, а […]

МВР: Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни, барање за личен документ може да поднесат денеска

5 јуни 2021

Министерството за внатрешни работи информира дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во […]

Секој ден со Заев како премиер нашата Македонија губи, вели Мицкоски по повод четири годишното владеење на владата

1 јуни 2021

По повод 4 години од почетокот на владеењето на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција излезе со опсежна анализа на програмата „За Живот“, цитирајќи проекти за кои тој тврди дека не биле исполнети во периодот од 1 јуни 2017 година до денес. „Секој ден со Заев […]

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

14 септември 2020

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до […]

Велосипед во македонските возови и понатаму не може да се превезе, „На Точак“ со петиција

9 август 2020

Граѓанската иницијатива „На Точак“ пред парламентарните избори ја започна петицијата #МојатаЦрвенаВелоЛинија, со која на политичарите (пратеници и членови на извршната власт) им поставија 10 конкретни барања за унапредување на велосипедскиот сообраќај во земјава. Меѓу нив, на високото четврто место се наоѓа барањето Македонски железници да овозможат превоз на точаци во возовите низ земјава. Онлајн петицијата […]

Здружението „Плоштад Слобода“ бара граѓаните преку јавна анкета да се изјаснат за „Мал Ринг“

27 јули 2020

До градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска, Здружението „Плоштад Слобода“ поднесе барање за продолжување на јавната анкета по Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1 за до крајот на август. „Поради тоа што се одбиени сите апели на професионалните, […]

На институциите им требаат 25 дена за одговор на барањата за слободен пристап до информации

19 јуни 2020

Најголем дел од институциите во земјава не го почитуваат законскиот рок од 20 дена за одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува „Индексот на активна транспарентност 2020“ на Центарот за граѓански комуникации. За потребите на овој извештај, од Центарот за граѓански комуникации во ист ден испратиле идентично прашање во форма […]

НАкС бара вонреден инспекциски надзор и прекинување на постапката за избор на ректор на УКИМ

17 јуни 2020

Прекинување на постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска побара Независниот академски синдикат (НАкС), кој поднесе нова претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Претставниците на Синдикатот го повикаа ДПИ да постапи и по претходните претставки поднесени од НАкС и од Антикорупциска комисија, кои беа во врска со постапките за избор […]

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

14 мај 2020

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава. – […]

Филипче: Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба

14 мај 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека Владата ќе побара повторно продолжување на вонредната состојба. Тој појасни дека ова е важно од аспект на тоа што е неопходно Владата да има механизми за имплементирање на препораките кои произлегуваат од Комисијата за заразни болести. – Дел од мерките кои ги предложуваме важат за […]

35 пратеници побараа од Џафери да свика итна собраниска седница

23 април 2020

На иницијатива на владејачката партија СДСМ, 35 пратеници на владејачката коалиција, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Беса и ДПА се потпишаа на барањето за свикување на итна собраниска седница и истото го доставија до Собранието. Собранискиот спикер Талат Џафери треба да го повлече следниот потег и да одлучи дали ќе закаже собраниска седница, која би […]

Студентите погодени од корона кризата, бараат мерки за финансиска поддршка

16 април 2020

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ бара формирање на консултативно тело за преземање на економски мерки за финансиска поддршка на студентите кои се погодени од актуелната епидемија со корона вирусот во земјава. Тие сметаат дека состојбата е сериозна и предлагаат првиот состанок да се одржи што е можно побрзо, веќе следната недела во […]

Градоначалникот Јованоски бара владата да преземе поригорозни мерки за Прилеп

6 април 2020

Поригорозни мерки за Прилеп, слични на оние што ги изрече Владата за општина Куманово, побара прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, откако вчера се евидентирани нови 9 случаи на заразени од корона вирусот, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 достига 33. – До овој момент, нема нови случаи денеска. Но, имајќи предвид дека за два […]

Страна 1 од 7