fbpx

Секој ден со Заев како премиер нашата Македонија губи, вели Мицкоски по повод четири годишното владеење на владата

-

По повод 4 години од почетокот на владеењето на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција излезе со опсежна анализа на програмата „За Живот“, цитирајќи проекти за кои тој тврди дека не биле исполнети во периодот од 1 јуни 2017 година до денес.

„Секој ден со Заев како премиер нашата Македонија губи. Одговорност за смена на власта е најголема на опозицијата, и јас со таа одговорност заспивам и се будам, и ќе продолжам да се борам“, изјави Мицкоски.

Тој побара оставка од владата на премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека опозициската партија секојдневно работела на обезбедување на мнозинство од 61 пратеник во Собранието за да се формира ново парламентарно мнозинство, а во преговорите биле опфатени и пратеници од пратеничката група на СДСМ.

„Оваа Влада ги сруши стандардите во политиката, ненормалното стана нормално, никој повеќе не очекува од Владата да решава проблеми, туку секојдневната е борба барем да не создава нови проблеми“, порача Мицкоски.

Според Мицкоски, владата на Заев не исполнила речиси ништо од ветувањата во програмата „План за живот“,со која настапи на изборите во 2016 година. На прес-конференцијата, Мицкоски се осврна на нереализирани проекти во економијата, здравството и образованието, а се осврна и на ковид-19 пандемијата и на тврдењата за корупција.

Од владејачката партија СДСМ во реакција до медиумите велат дека во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец.

„Папагалското повторување на лагите, нема да му донесе ништо освен нов пораз,“ изјави Стефан Васев од СДСМ.

Социјалдемократите тврдат дека земјава во изминативе 4 години постанала членка на НАТО, спроведени се реформи во правосудството, додека минималната плата е зголемена од 9.500 на 14.500 денари, а просечната плата достигнала 28.000 денари. Од СДСМ велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е реформирана, го брани криминалот и насилниците од 27 април, додека Христијан Мицкоски за 4 години доживеал 6 изборни порази од граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...