fbpx
Таг: барање

таг: барање

Саљији: Деновиве ќе биде испратено барањето за екстрадиција на Грујовски и на Бошковски

Министерот за правда, Билен Саљији, денеска потврди дека министерството ја добило од Кривичниот суд документацијата за екстрадиција на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, од Грција во Македонија и дека деновиве официјално ќе биде потпишано и доставено барањето за екстрадиција до грчките власти. Саљији денеска присуствуваше на презентацијата на извештајот за соработка со француската Национална академија за...

ОЈО Скопје бара продолжување на притворот на Игор Југ за насилствата од 27 април

Основното јавно обвинителство Скопје вчера побарало од Кривичниот суд да му ја продолжи мерката притвор на Игор Југ, што му беше одредена поради учеството во насилствата во Собранието од 27 април оваа година. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителството, надлежниот обвинител побарал на Југ да му биде одреден притвор по сите три основи, односно поради опасност од бегство, попречување на...

Судот одлучи и на Мијалков да не му го врати пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е обвинет во случајот „Таргет“, останува без пасош, откако судот го одбил како неосновано неговото барање да му биде вратена патната исправа што му беше одземена како мерка за обезбедување на присуство. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи...

Сакаме паркови, а не згради, порачаа граѓаните на протестот за чист воздух

Со пароли и извици „Сакаме паркови, не згради“ и „Нема воздух, нема мир“, граѓаните на Скопје денеска го одржаа мировниот марш за чист воздух, организиран од Коалицијата О2 и Првата детската амбасада во светот „Меѓаши“, на кои им се придружија уште 18 невладини организации. Протестот почна пред Владата и продолжи преку булеварите Илинден и 8 Септември каде граѓаните се...

Антикорупционерите се вратија од одмор, ќе го разгледуваат барањето на ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата вчера се вратија од годишен одмор и почнаа со работа, велат за „Мета“ од Антикорупциска. На нивниот дневен ред би требало да се најде и барањето од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Државната комисија за спречување на корупцијата да даде толкување за примената на членот 8-а од Изборниот законик, кој во време кога се...

Ирачките Курди не се откажуваат од референдумот за независност

Ирачките Курди не се откажуваат од референдумот за незавиност од Ирак, кој е закажан за 25 септември, и покрај барањето од Соединетите Американски Држави тој да биде одложен, јавуваат светските агенции. „Датумот стои, тој е 25 септември и нема никакви промени“, изјавил Хошјар Зебари, советник на регионалниот претседател на Курдистан, Масуд Барзани. Тој на овој начин го искоментирал барањето на...

„Прајваси интернешенл“ и „Метаморфозис“ повикуваат на заштита од незаконско прислушување

Добротворната организација со седиште во Лондон, „Прајваси интернешенл“ и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска до властите во Македонија испратија писмо во кое бараат информации во врска со следењето на комуникациите од страна на надлежните владини институции и гаранции за заштита на приватноста од страна на државните институции. Од „Метаморфозис“ потсетуваат дека Македонија повеќе од две години беше во продолжена...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна и јавна седница за договорот со Бугарија

Пратениците од Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат барање за свикување итна и отворена за јавноста седница на Собранието на Република Македонија, за разгледување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски, на прес-конференција во Собранието. Барањето, како што рече Милошоски, доаѓа по денешната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија,...

Русија бара истрага за соборувањето на сирискиот воен авион над Рака

Русија бара од САД да спроведат истрага за соборувањето на сирискиот воен авион во провинцијата Рака, изјавила денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јавуваат агенциите. „Бараме темелна истрага од американската команда за инцидентот, како и преземање на неопходни мерки кои би спречиле повторување на слични ситуации во иднина“, рекла Захарова. Коалицијата што ја предводат САД во неделата, на...

Невладините бараат власта и институциите да ја испитаат работата на Тантуровски и на ДКСК

Власта и институциите да ја проверат основаноста на контролите во невладините организации и да ја истражат злоупотребата на службената должност за политички притисок и дискриминација од сите засегнати раководители кои се дел од прогонот. Ова денеска повторно го побараа 22 граѓански организации и фондации во кои изминатите шест месеци Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција вршат контроли...

Граѓаните поднеле 800 барања за субвенции за велосипеди до Град Скопје

Од објавувањето на јавниот повик до денеска, до Град Скопје се поднесени повеќе од 800 барања за субвенции за купување на велосипеди, информираат оттаму. Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето-износ по лице. „Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење велосипеди,...

ЗНМ бара укинување на притворот на Зоран Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува судот итно да го укине притворот на новинарот Зоран Бижиновски и да му дозволи да се брани од слобода во постапката што се води против него за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Од ЗНМ денеска соопштија дека негови и претставници на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај оваа година, го посетиле Божиновски во...

На барање на МВР одложено денешното рочиште за „Диво Насеље“

На барање на Министерството за внатрешни работи рочиштето од продолжението на судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, кое беше закажано за денеска, кога навршуваат точно две години од настаните во кумановската населба, е одложено. Од Кривичниот суд за „Мета“ потврдија дека судијката Верка Петковска ги известила странките во случајот - обвинителството, обвинетите и нивните адвокати - дека на барање на МВР...

Богдановиќ бара од Жерновски запирање на градежните работи на Кејот 13 Ноември

Претседателот на општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ, денеска поднел барање до градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за запирање на градежните работи на Кејот 13 Ноември. „Причината за поднесување на барањето е избегнување на сите евентуални штетни последици кои може да настанат, како за животната средина, така и за формално-правниот аспект од веќе почнатото спроведување на одлуките на...

„Југохром“: Филтер-страницата би била готова за 8 месеци ако Владата ни дозволи да работиме

Денеска почнаа градежните активности за бетонирање на темелите на системот за отпрашување на комбинатот „Југохром“, чија изградба претставува услов поставен од Владата за овој некогашен гигант да продолжи со работа. Активностите почнаа во присуство на раководството и на синдикатот на „Југохром“. Оттаму истакнаа дека филтер-станицата со сигурност би ја изградиле во наредните осум месеци, доколку централната власт дозволи во овој период „Југохром“...

СЈО: Врховниот суд бара информација за изземање на судија, но нема да му одговориме

Барањето што Врховниот суд на Република Македонија минатиот четврток го испратил до Специјалното јавно обвинителство се однесувало на информација поврзана со барање за изземање на судија од овој суд, соопштија попладнево од СЈО. Од СЈО не прецизираат за кој судија станува збор, а на прашање на „Мета“ оттаму велат дека не се работи за изземањето на претседателот на Врховниот суд,...

Вангеловски го обвини СЈО дека одбива да соработува, но не кажува за што

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска го обвини Специјалното јавно обвинителство дека одбива да сораборува со Врховниот суд и одбива да одговара на неговите барања. Вангеловски денеска преку соопштение информираше дека во четвртокот минатата недела до СЈО доставил барање за информација, но до денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не му било одговорено. Од...

Врховниот суд сè уште не ја закажал седницата за изземањето на Вангеловски

Врховниот суд на Република Македонија сè уште не ја закажал општата седница на која треба да се одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангелвоски, велат за „Мета“ од Врховниот суд. - Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија сè уште нема закажано општа седница на...

За изземањето на Вангеловски треба да одлучува Врховниот суд на општа седница

Специјалното јавно обвинителство вчера побара изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на судот. Бидејќи станува збор за претседател на највисокиот суд во земјава, односно над него нема непосредно повисока судска инстанца, законот предвидел дека за негово изземање одлучува Врховниот...

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

Синдикатот на „Југохром Алзар - Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. Оттаму наведуваат дека за утре, синдикатот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...