Здружението „Плоштад Слобода“ бара граѓаните преку јавна анкета да се изјаснат за „Мал Ринг“

-

До градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска, Здружението „Плоштад Слобода“ поднесе барање за продолжување на јавната анкета по Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1 за до крајот на август.

„Поради тоа што се одбиени сите апели на професионалните, граѓански здруженија и поединци за повлекување на предлог – планот од јавна анкета, поради недемократскиот потенцијал на организирање на јавна презентација и анкета за еден од најкритичните предлог планови во Општината во најжешкиот летен месец од годината, насред прогласена пандемија и комплетно загрозено јавно здравје во нашата земја, поради особениот интерес разбуден кај јавноста со општествениот дијалог и борба на оваа тема, а отежнати услови за спроведување на јавната анкета, поради сѐ поголемиот број забелешки за содржината на предлог – планот, поради јавните заложби на градоначалникот Богдановиќ за инкорпорирање на сите аргументирани забелешки во наредната верзија на предлог – планот, а исклучително кратко време на располагање да се достават, бараме да се продолжи рокот во кој предлог – планот ќе биде изложен за граѓаните, а тие ќе можат да доставуваат анкетни листови со забелешки до 31.08.2020 година“, се наведува во сооопштението на „Плоштад Слобода“.

Тие додаваат дека само со дијалог и соработка може да се гради меѓусебна доверба, да се носат соодветни јавни политики и да постои стабилна јавна администрација и одговорни граѓани.

Инаку, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ,  во неодамнешното гостување во „Топ Тема“ за Деталниот урбанистички план за „Мал Ринг“, рече дека, ако Општината ги отфрли спорните објекти од проектот „Скопје 2014“  ќе им направи услуга на инвеститорите, кои веќе платиле одредени комуналии, па поради тоа ќе можат да ја тужат државата. Тој изјави дека во општина Центар за „Мал ринг” има на сила план кој е донесен во 2012-та година и неколку пати е менуван, како и дека  секоја измена што треба да се направи во центарот на градот, мора да биде направена со нов детален урбанистички план.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...