fbpx

Финска и Шведска и официјално ги поднесоа барањата за членство во НАТО

-

Финска и Шведска денеска и официјално ги поднесоа најавените барања за членство во НАТО, јавува Би-би-си. Со ова, започнува процесот на пристапување на двете скандинавски земји, за којшто резерви против нивното членство засега најави единствено Турција. Во четврток е планирано лидерите на Финска и Шведска да имаат состанок со американскиот претседател Џо Бајден.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на кратката церемонија во седиштето на Алијансата изјави дека станува збор за историски момент, кој мора да се искористи.

„Топло ги поздравувам барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. Вие сте нашите најблиски партнери, а вашето членство во НАТО ќе ја зголеми нашата заедничка безбедност“, изјави Столтенберг.

Инаку, целата постапка на зачленување на Финска и Шведска во НАТО може да трае и до една година, но ќе зависи од резервираноста на Турција за приклучување на двете скандинавски земји во НАТО. Доколку се решат турските приговори, двете нордиски земји би можеле да станат членки во рок од неколку месеци, со што ќе се забрза процесот кој обично трае од осум до 12 месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...