fbpx

Војниците од Азовстал се евакуираат на руска територија, Украина бара да бидат ослободени

-

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар изјави дека судбината на војниците бранители на Мариупол ќе биде завршена во моментот кога тие ќе бидат предадени на украинските власти, пренесува Би-би-си. Владее несигурност што ќе се случува со војниците што беа заробени во челичарницата Азовстал, поаѓајќи од фактот дека сите завршија на места окупирани од руските сили.

Ројтерс јави дека вчера конвој од уште седум автобуси го напуштиле индустрискиот комплекс и се упатиле кон селото Оленивка, кое е под контрола на руските сили. Засега нема податоци колкав дополнителен број на војници се извлечени од Азовстал, откако претходно во понеделникот комплексот го напуштија над 260 украински бранители.

„Постојат и понатаму многу луѓе што се заробени во Азовстал и ние ќе ги продолжиме преговорите за да ги извлечеме надвор“, изјави Малиар.

Инаку, Русија продолжи со бомбардирањата на Украина и во изминатово деноноќие. Од Црното море било извршено гранатирање на цели во регионот Одеса, јавува Укринформ. Украинските власти велат дека бомбардирањето имало за цел да ја уништи инфраструктурата и да предизвика психолошки притисок кај населението во овој регион. Гранатирање е извршено и во регионот Миколаив, при што е погодена куќа и е повредено едно лице. Транспортна инфраструктура е погодена и во Днипро, при што од гранатирањето е повредена една жена, јавува Укринформ. Од руска територија гранатирани се населени места и во регионите Суми и Чернихив на северот на Украина.

Украинските власти во изминативе 24 часа одбиле 12 обиди за пробив на руските сили на фронтот во Донбас, пренесува Укринформ. Руските сили во Луганскиот регион за да ја засилат офанзивата на терен користат и 15 борбени хеликоптери како воздушна поддршка, но нема позначајни промени на линиите на фронтот.

Од почетокот на руската агресија врз Украина до денес, загинати се околу 28.300 руски војници и уништени се 1.235 руски тенкови. Бројот на уништени руски воени возила е над 3.000, соопштија украинските воени власти, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...