fbpx

На институциите им требаат 25 дена за одговор на барањата за слободен пристап до информации

-

Најголем дел од институциите во земјава не го почитуваат законскиот рок од 20 дена за одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува „Индексот на активна транспарентност 2020“ на Центарот за граѓански комуникации. За потребите на овој извештај, од Центарот за граѓански комуникации во ист ден испратиле идентично прашање во форма на барање за пристап до информации од јавен карактер до општините и министерствата во земјава.

Институциите во просек одговориле за 25 дена по испратените барања, иако максималниот законски рок е 20 дена. Во просек, на општините им требале 24 дена за да одговорат на барањето за слободен пристап до информации, додека на министерствата им биле потребни 26 дена. Дури 60 отсто од институциите го прекршиле законскиот рок пропишан во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Лани 73 отсто од контактираните институции одговориле во законскиот рок.

„За разлика од сите претходни години во кои институциите просечно одговараа во тогашниот максимален законски рок од 30 дена, годинава само 40 отсто од институциите го испочитуваа новиот законски рок и одговорија во максимално предвидените 20 дена. На барањето годинава воопшто не одговорија 4 отсто од институциите, за разлика од ланските 12 отсто“, се вели во објавениот извештај.

Во „Индексот за активна транспарентност 2020“ се наведува дека 39 отсто од општините одговориле во рамките на максималниот законски рок, за разлика од ланските 77 отсто. Исто така, во пропишаниот рок го сториле само 35 отсто од министерствата. Најбрз одговор пристигнал за само три дена од една општина, додека од Центарот за граѓански комуникации чекале дури 64 дена на одговор од друга локална самоуправа.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...