ЦГК: Институциите минимално ја подобриле транспарентноста оваа година

-

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максималните 100) и според градацијата на нивоата, спаѓа во „просечна“ активна транспарентност. Активната транспарентност во 2020 година е подобрена само за минимални 2,2 процентни поени во однос на лани, кога изнесуваше 56 проценти.

„Кај министерствата, по три години континуиран пораст, во 2020 година се забележува стагнација и дури и мало намалување на активната транспарентност. Таа годинава изнесува 77,1 проценти, за разлика од ланските 77,6 проценти. Сепак, активната транспарентност на министерствата е се уште значително подобра од онаа на општините, која изнесува 54,5 проценти и по неколкугодишното намалување бележи пораст втора година по ред. За првпат во последните пет години откако се изработува овој Индекс, едно министерство се наоѓа на врвот на табелата. Годинава на прво место со најголема активна транспарентност е Министерството за одбрана, 97,9 проценти, следено дури од осум општини, меѓу кои прва е Велес 94,4 проценти“, стои во соопштението на ЦГК.

Што се однесува до регионите, нема промена од лани. Според Индексот, на прво место е Источниот Регион со 68,3 проценти, додека на последно останува Скопскиот Регион со 44,4 проценти транспареност. И натаму најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите. Министерствата објавуваат само 42 проценти, а општините само 36 проценти од информациите што треба да бидат објавени.

И годинава има најмногу институции (32 проценти) во групата со ’добра‘ активна транспарентност, а зголемен е процентот и на институции во најдобрата група со ’многу добра‘ активна транспарентност (од ланските 13 проценти на 22 проценти). Наспроти ова, за малку е намален процентот на институции во најлошата група со ’многу слаба‘ активна транспарентност (од 10 проценти лани на 8 проценти оваа година).

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста „Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...