fbpx
Таг: Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

таг: Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Нетранспарентност на институциите: 352 постапки за прекршување на законот, над 70 казнети

Во последните пет години, за прикривање информации, односно недавање информации од јавен карактер или непостапување согласно одлуката на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер или пак за неназначување одговорно лице за посредување со информации од јавен карактер, казнети се четири службени лица во Северна Македонија. Други 69 ја платиле глобата во услови на „договор за укинување“,...

За корупциски скандали институциите молчат, кријат документи или одговараат парцијално

Неможноста новинарите да имаат брз пристап до информациите од јавен карактер беше клучна забелешка на европскиот експерт Рајнхард Прибе, кој уште во 2015 година во рамките на итните приоритетни реформи во сферата на медиумите побара властите да ги адресираат главните пречки со кои се соочуваат новинарите при добивањето јавни информации. Во таа смисла тој побара релевантните институции да одговорат на...

Барателите на информации од јавен карактер и понатаму најмногу се жалат на „молк на управата“

Граѓаните, новинарите, невладините организации и сите други баратели на информации од јавен карактер и понатаму најчесто се жалат до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер поради „молчење на управата“. Дури 163 од вкупно 222 жалби поднесени до Агенцијата во првите шест месеци од 2020 година се поради непостапување на имателите на информации...

Поведени четири прекршочни постапки за службеници кои не постапиле по барања за информации од јавен карактер

Четири прекршочни постапки се при крај за службени лица во институциите - иматели на информации од јавен карактер, кои не постапиле по однос на барањето за пристап до информации од јавен карактер, одговори денеска директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите, Пламенка Бојчева на прашање на „Мета.мк“. Имало шест поведени прекршочни постапки, но две од...

Агенцијата ги почна обуките на службеници за навремено одговарање на барањата за слободен пристап до информации

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вчера ја одржа првата од серијата еднодневни обуки на тема: „Примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Главната цел на обуката од стручниот предавач Цветан Станоески е оспособување и едуцирање на службените лица - правилно и навремено да одговараат по барања за...

Главната причина за недобивање на пристап до информации е „молчењето на управата“

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на крајот од месец јуни подготви краток анкетен прашалник со цел да прибере изворни и веродостојни податоци за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК) од почетокот на 2020 година, односно од започнувањето со работа на Агенцијата, заклучно со 30 јуни. „Овој...

На институциите им требаат 25 дена за одговор на барањата за слободен пристап до информации

Најголем дел од институциите во земјава не го почитуваат законскиот рок од 20 дена за одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува „Индексот на активна транспарентност 2020“ на Центарот за граѓански комуникации. За потребите на овој извештај, од Центарот за граѓански комуникации во ист ден испратиле идентично прашање во форма на барање за пристап...

Расте бројот на неодговорени и одбиени барања за пристап до информации од јавен карактер (инфографик)

Лани пораснал бројот на неодговорени, одбиени и пренесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на институциите, покажува Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2019 година. Правните и физичките лица лани поднеле вкупно 8.752 вакви барања, и тоа најчесто до државните институции,...

Донесено Упатството за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го донесе новото Упатство за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информираат од оваа агенција. „Целта на ова Упатство е согласно Законот, на физичките и на правните лица (баратели на информации) да им се овозможи побрзо и поефикасно да го...

Политиката го кочи спроведувањето на новиот Закон за пристап до информации

Заедно со државниот ревизор, заложник на политичките договарања е и изборот на директор на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Новиот закон ќе стапи на сила на 30 ноември, со што ќе престане да функционира Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, пишува „Порталб.мк“. Важноста на изборот на директор и функционирањето...

„Метаморфозис“: Новиот закон за информации од јавен карактер да го смали рокот за одговор на 15 дена

Рокот за давање одговор на барање според законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, наместо 20 дена, како што стои сега во предлог-законот, треба да биде 15 дена, а обидот со овој текст да се дефинира јавниот интерес е контрапродуктивен, и примената на тестот на штетност, кој е дефиниран како задолжителен во новото решение за овој закон,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...