fbpx

Нетранспарентност на институциите: 352 постапки за прекршување на законот, над 70 казнети

-

Во последните пет години, за прикривање информации, односно недавање информации од јавен карактер или непостапување согласно одлуката на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер или пак за неназначување одговорно лице за посредување со информации од јавен карактер, казнети се четири службени лица во Северна Македонија. Други 69 ја платиле глобата во услови на „договор за укинување“, 192 се „опоменати“, 83 се „ослободени од одговорност“, за 7 е „запрена постапката“, додека за 4 е поднесено барање за поведување судска постапка, известува Порталб.мк.

Според анализата на податоците што ги обезбеди Порталб.мк, повеќето глоби се однесуваат на непочитување на доставување на годишен извештај за носителот на информациите.

Со усвојување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на почетокот на 2020 година започна со работа Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер како законски наследник на дотогашната Комисија.

Важно е да се нагласи дека во текот на 2018 и 2019 година, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер не покреналa ниту една прекршочна постапка.

Во инфографикот во продолжение можете да ги видите податоците за последните пет години околу тоа колку функционери се казнети за непочитување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, врз основа на членовите 38 (казна од 500 евра) и 39 (казна од 250 евра), кои се однесуваат на непостапувањето согласно одлуката на Агенцијата и неназначување на одговорно лице за посредување со информациите од јавен карактер.

5 најказнувани институции во последните 5 години:

  1. Боречка федерација на Северна Македонија
  2. Ученички дом „Бранко Станоевиќ“ – Гостивар
  3. Фудбалската федерација на Македонија
  4. О.У. „Емин Дураку“ – с. Буковиќ – Сарај
  5. О.У. „Раде Кратовче“ – Кочани.

Во продолжение и податоците од Агенцијата на детален начин за сите глоби во периодот од 2017 до 2021 година.

 

Казнети во 2017 година

Во 2017 година, врз основа на прекршочните одредби на тогашниот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер применила постапка за спогодба со вкупно 8 одговорни лица за прекршување на членот 45 од Законот, кој предвидува глоба од 500 до 800 евра во денарска противвредност за прекршокот од страна на функционерот или одговорното лице носител на информацијата кој нема да изготви годишен извештај за имплементација на Законот и нема да го достави до Комисијата согласно членот 37 од Законот.

На повикот за спогодба одговориле 4 лица – носители на информациите, за кои Комисијата издала налог за наплата на глоба и со записник го констатирала извршувањето на прекршокот. За другите 4 лица – носители на информацијата, кои не се јавиле за спогодба, Комисијата ја продолжила постапката поднесувајќи барање за покренување на прекршочни постапки во соодветните судови, во согласност со тогашниот Закон за прекршоци.

Веб страна на Агенцијата – www.aspi.mk

Казнети во 2018 и 2019 година

Во 2018 и 2019 година од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен ларактер не е покрената ниту една прекршочна постапка.

Со усвојување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на почетокот на 2020 година започнала со работа Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер како правен наследник на дотогашната Комисија.

 

Казнети во 2020 година

Во текот на 2020 година извршени се 10 постапки, 4 постапки резултирале со изречување на прекршочна санкција – опомена (бидејќи сторителот го сторил прекршокот за првпат и во меѓувреме ја исполнил обврската) за службеното лице за посредување со информациите кај носителот на информациите, бидејќи не ја спровел одлуката на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на прием и не ја известил Агенцијата.

5 постапки се завршени со ослободување од одговорноста на службените лица против кои се покренати постапки од страна на овластеното лице до Агенцијата, по барање на жалителите, бидејќи не ја спровеле одлуката на Агенцијата во рок од 15 дена и не ја известиле Агенцијата.

Една постапка завршила со изречување на прекршочната санкција – казна од 500 евра во денарска противвредност за одговорноте лице на Трговската радиодифузивна компанија РОБИ Д.О.О. Штип, бидејќи не одредил службено лице за посредување со информациите од јавен карактер и не обезбедил информирање на јавноста за службеното лице.

 

Казнети во 2021 година

Во текот на 2021 година, Агенцијата применила вкупно 344 постапки за спогодба и тоа 333 постапки се покренати поради недоставување на годишниот извештај за носителот на информациите и 11 поради непостапување согласно одлуката на агенцијата. Вкупно 65 постапки за спогодба за бришење се спроведени успешно, односно извршени се уплатите по прием на налозите за наплата.

Прекршочната комисија постапила кон 279 други предмети од кои за 81 е донесена одлука за ослободување од одговорност поради тоа што лицето не го сторило прекршокот, поради прекин на работниот однос, заминување во пензија и слично. Одлука за прекин се донела за 7 предмети бидејќи службеното лице починало или носителот на информациите престанал да постои.

Одлуки за прекршоци се донесени за вкупно 191 предмет, од кои за 188 е изречена прекршочна санкција – опомена, додека за три изречена е глоба во висина од 250 евра во денарска противвредност за службеното лице за посредување со информации од јавен карактер (2 за Боречката федерација на Република Северна Македонија и 1 за Детската градинка 11 Октомври – Скопје).

(Не)транспарентност во РСМ: 677 жалби против „молкот“ на институциите!

Во јануари 2021 година, Порталб.мк во неделната економска анализа пишуваше дека притисокот за транспарентност и отчетност се зголемува, а се зголемува и свеста на граѓаните, новинарите и граѓанските институции дека имаат право да бараат информации „од јавен карактер“. Институциите честопати „не сакаат“ да зборуваат за јавните набавки, вработувањата, трошењето на јавните пари и користењето на државните канцеларии.

Здравствените организации, судството, државните институции, јавните претпријатија, општините – против сите овие инстанции се доставени жалби за непостапување во законски рок – за обезбедување на информации од јавен карактер, како што е дозволено и овозможено од законодавството. До 90 отсто од жалбите се однесуваат на „молкот“ на институциите, односно носителите на информациите.

„Во текот на 2019-та година, до Комисијата се поднесени 755 жалби против управни и реални акти на првостепени органи, или против молкот на носителите на информациите. Дури 677 жалби од вкупниот број на истите се поднесени поради молкот на администрацијата“, се вели во новиот Годишен извештај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...