fbpx

Главната причина за недобивање на пристап до информации е „молчењето на управата“

-

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на крајот од месец јуни подготви краток анкетен прашалник со цел да прибере изворни и веродостојни податоци за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК) од почетокот на 2020 година, односно од започнувањето со работа на Агенцијата, заклучно со 30 јуни.

„Овој анкетен прашалник покажува дека и во овој шестмесечен период од имплементација на новото законско решение, главната причина за недобивање на пристап до информации е „молчењето на управата“ со 34 одговорени барања, односно постапување на имателите по истекот на законски утврдениот рок. Без оглед на нецелосната статистичка слика, прикажаната бројка од 34 барања кои се соочиле со “молчење на управата“ е доволен показател дека Агенцијата и во периодот што доаѓа, треба да се фокусира на работата на отвореноста и транспарентноста кај одделни службени лица, односно иматели. Во сите прилики и меѓусебни контакти, но пред се на обуките, вработените во Агенцијата на службените лица кои не ги знаат нивните обврски, треба да им ги објаснуваат измените содржани во ЗСПИЈК со акцент пред се на пократките рокови за постапување по барањата, дека и во случај на позитивен одговор на барањето или ако барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение, потоа за предностите на проактивната транспарентност, но и да ги информираат за прекршочните одредби предвидени во Законот,“ информираат од Агенцијата.

Од таму констатираат дека од неколку институции, во кои за постапување по барањата и имплементација на ЗСПИЈК се назначени повеќе од едно службено лице, наместо еден сублимиран и одговорен Прашалник, биле доставени исто толку прашалници колку што има овластени лица за посредување со информациите од јавен карактер.

„Ваквата (не)координација меѓу службените лица и секторите е внатрешна работа на секоја институција, но оваа појава не смее да биде прифатена како изговор за ненавременото постапување по барањата во законски утврдените рокови,“ констатираат од Агенцијата.

Прашалникот по електронски пат бил дистрибуиран до службените лица на фокус група составена од 194 иматели на информации од јавен карактер, одбрани по случаен избор. До 5 јули, до кога пополнетите прашалници требало да бидат доставени на службениот мејл на Агенцијата, одговорени анкетни прашалници доставиле лицата задолжени за посредување со информациите од јавен карактер на 104 иматели или на 53,6 отсто од субјектите кои биле замолени да го изнесат своето искуство од примената на Законот во првата половина на 2020 година.

„Добиените резултати од анкетата покажуваат дека Агенцијата треба уште попосветено да продолжи да ја прокламира и дообјаснува својата мисија и визија и значењето на ЗСПИЈК, пред се меѓу раководните лица на државните институции и единиците на локалната самоуправа, кои и покрај делегираните надлежности за решавање на службените лица, го имаат последниот збор. Преку следењето на работата на овие органи и укажувањето на нивните пропусти дополнително би можело да се придонесе за нивна поголема отвореност и транспарентност и за воспоставување отчетен јавен сектор,“ се заклучува во соопштението.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...