Фото: Архива на „Мета“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

„Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11 јуни по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11 јуни) до 16 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат денеска (5 јуни) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано. Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат утре (6 јуни)  на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека готовите лични документи може да се подигнат до 11 јуни до 16 часот или од 16 јуни.