fbpx

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

-

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава.

– Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите – рече денес министерот за здравство Венко Филипче, објаснувајќи го владиното барање за продолжување на вонредната состојба.

Вонредната состојба што ја прогласи Пендаровски на 16 април истекува во сабота на полноќ. Уставниот суд за претходните две прогласувања на вонредната состојба одлучи дека нема основа за поведување на постапка за оценување на нивната уставност и законитост. Претседателот Стево Пендаровски пак во своите изјави за медиумите претходно нагласи дека ќе се консултира со експертите и Советот за безбедност пред да донесе нова одлука во врска со вонредната состојба.

Покрај тоа што е поврзана со епидемијата со корона вирусот, прогласувањето на ново продолжение на вонредната состојба е поврзано и со мислењето на Државната изборна комисија (ДИК) за тоа колкаво време ќе ѝ биде потребно за спроведување на изборниот процес. Ако не се продолжи вонредната состојба, ќе престане да важи и уредбата со законска сила за привремен прекин на сите изборни дејства. Владата на 21 март ја донесе оваа уредба со законска сила, со која ДИК е должен во рок од еден ден по вонредната состојба да објави ревидиран роковник за продолжување на изборниот процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...