недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: случај Титаник | 24 резултати

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

февруари 11, 2022

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се […]

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Титаник“ на СЈО, одлучи Апелација

декември 5, 2017

Повеќе од 1.000 прислушувани разговори ќе се користат како доказ на судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката на Апелацискиот суд слeди по вчерашната јавна седница во судот, на која се расправаше по жалбата на СЈО на решението на Кривичниот суд од 20 октомври, со кое прислушуваните разговоти, […]

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за Темелко за следната недела

ноември 26, 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за притворот на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, што беше најавен за вечерва пред Владата и го презакажа за 3 декември, соопшти партијата. Протестот беше најавен како реакција на продолжувањето на притворот на Темелко, но Кривичниот суд викендов донел решение со кое ја укина ваквата мерка и ја замени […]

Темелко излегува од притвор, судот ја заменил мерката со куќен притвор

ноември 26, 2017

Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Кривичниот суд во Скопје донел решение со кое мерката притвор се заменува со куќен притвор, потврдуваат од судот. Како што информираат од судот, одлуката била донесена по […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Владата против притворот на Едмонд Темелко

ноември 26, 2017

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе организира протест против продолжувањето на притворот на градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, потврди за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Протестот треба да почне во 19 часот пред Владата, а потоа присутните граѓани, според информациите во медиумите, ќе се упатат пред судот. Опозициската партија деновиве […]

Груевски останува без пасош, одлучил Апелацискиот суд

октомври 31, 2017

Апелацискиот суд Скопје ја отфрлил жалбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со која тој бараше да му биде вратен пасошот, потврдила за „Телевизија 24“ судијката Лилјана Ивановска-Шопова, која претседаваше со тричлениот совет на судии што одлучуваше по жалбата на јавна седница. Инаку, Груевски, кој е првообвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, четврти месец е без […]

Груевски бара да му го вратат пасошот за да се сретне со Орбан

октомври 30, 2017

Со одземениот пасош на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се попречуваат правата само на едно лице, туку се одземаат правата на стотици илјади лица – членови, гласачи и поддржувачи на најголемата опозициска партија во државата. Ова беше дел од аргументацијата на адвокатите на Груевски на денешната јавна седница во Апелацискиот суд, по повод жалбата […]

СЈО бара на Груевски, Протоѓер и на Димовски да им се конфискува имот од 2,2 милиони евра

септември 26, 2017

Специјалното јавно обвинителство во обвинението за случајот „Титаник“ бара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, на поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски и на обвинетиот Леко Ристовски солидарно да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиони евра. Оваа сума, според […]

Сашо Мијалков бил средно имотен, стои во обвиненијата на СЈО

септември 26, 2017

Специјалното јавно обвинителство на својата нова интернет-страница ги објави обвинителните акти за сите 20 случаи што ги отвори, а кои се поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Единствено, како што може да се види, не е објавена содржината на обвинението за случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Во објавените обвиненија може се видат интересни моменти и […]

СЈО бара притвори – Јанкулоска, Протогер, Јанакиески и Божиновски ветуваат дека нема да бегаат

јули 21, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска на јавни седници, кои се одржаа едни по други во Апелацискиот суд, уште еднаш побара да им биде одреден притвор на поранешните министри за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на поранешниот шеф на кабинет на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протогер, и на поранешниот генерален секретар […]

Димовски и Трајковски остануваат без пасоши, Апелација им ги одби жалбите

јули 21, 2017

Тони Трајковски, актуелениот градоначалник на Гази Баба, и пратеникот во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, остануваат без пасоши и со обврска еднаш неделно да се јавуваат пред служебно лице во суд, откако Апелацискиот суд Скопје ги одби нивните жалби на одлуките на Кривичниот суд да им бидат одредени мерки на претпазливост. Апелацискиот суд, истовремено, ја […]

Судот не знае како обвинетите во „Титаник“ дознале кои судии ќе одлучуваат за притворите

јули 7, 2017

Обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, барале изземање на еден од тројцата судии од кривичниот совет што одлучуваше по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им биде одреден притвор, потврди денеска Основниот суд Скопје 1. Како обвинетите и нивната одбрана дознале кои судии го сочинуваат советот, од судот велат дека […]

СЈО поднесе жалби за одбиените притвори на Груевски, Јанакиески, Протогер и на Јанкулоска

јули 6, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска до Апелацискиот суд Скопје доставило уште пет жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени барањата да им биде одреден притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска […]

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

јули 3, 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот […]

Груевски ја утнал адресата, дека се откажува од иминутетот, ќе мора да му пише на Џафери

јули 3, 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски, за кого Специјалното јавно обвинителство бара да му биде одредена мерка притвор, како обвинет во случајот „Титаник“, во петокот минатата недела доставил известување за откажување од правото на имунитет до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, потврдија денеска од законодавниот дом. Сепак, како […]

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

јули 2, 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска […]

СЈО отвори случај „Труст“ за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ

февруари 28, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори нова истражна постапка „Труст“, од која, како што соопшти на прес-конференција јавната обвинителка Фатиме Фетаи, може да се види „до каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендер“. Станува збор за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од […]

СЈО: Јанкулоска беше повикана на распит за „Титаник“

февруари 6, 2017

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска била повикана во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничена во случајот „Титаник“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека Јакулоска денеска побарала увид во доказите, поради што, додаваат од СЈО, таа „повторно ќе биде повикана на распит за истиот предмет […]

Јанева: За украдените пари нема помилување

април 14, 2016

Никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, тој подлежи на конфискација и за него не важи никаква аболиција или помилување, посочи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната прес-конференција во обвинителството. – Би сакала да го цитирам член 97, став 3 од Кривичниот законик кој вели: „Одлука за конфискација судот ќе донесе во […]

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

март 28, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени. Во случајот […]

Страна 1 од 1