Апелација: Условни казни за Јанкулоска, Протуѓер и Пепиќ, а за Јанакиески 3,5 години затвор за „Титаник“

„Титаник“ е првиот случај за кој на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага. На 11 февруари лани, Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина

-

Апелациониот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“. Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на единствена казна затвор од 3 години и 6 месеци, период во кој е вклучено времето во ефективен и во куќен притвор. Со пресудата на Апелација, условна казна добива и полицискиот службеник Мунир Пепиќ – казната затвор од една година нема да се изврши ако обвинетиот за време од пет години сметано од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Лани во февруари, за случајот „Титаник 1“, Јанкулоска беше осудена на казна затвор од 2 години и шест месеци, Јанакиески како еден од соработниците на екс-премиерот Никола Груевски, доби ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци, Коста Митровски доби 3 години затвор, а Мунир Пепиќ доби една година затвор.

Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година.

„Титаник“ е првиот случај за кој на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага. На 11 февруари лани, на третото рочиште Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина за случајот „Титаник“.

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

 

Освен оние што признаа вина, за случајот „Титаник“ се обвинети и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, ексгенералниот секретар на тогашната влада, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и уште 12 други обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во...