Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

-

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се дел од поранешното раководство на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Екс-министерката Јанкулоска рече дека по основ на обвинението кое е во правна сила повеќе од четири години, таа смета дека постапката не треба да се води поради одлуката за помилување донесена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, но и рече дека по однос на наводите од обвинението се изјаснува како виновна.

Миле Јанакиески призна вина за дел од кривичните дела од обвинението и рече дека чувствува морална вина. Тој упати извинување и до сите оние кои на некој начин биле навредени и повредени во т.н. бомби што ги објавуваше Зоран Заев.

Мартин Протоѓер, пак, во својот исказ пред судот рече дека презема одговорност од морален аспект и ја прифаќа вината, но тој заедно со Јанакиески не признаа вина единствено за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Меѓу осумтемина што признаа вина е и поранешната заменик-министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковска.

Дел од обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои Илија Димовски и Кирил Божиновски, исто така поранешни членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тие изјавија дека не се виновни за делата за кои се гонат. По ваквиот епилог, Кривичниот суд денеска ќе треба да ја одвои судската постапка за осумтемина кои признаа вина. За нив, судењето ќе продолжи денеска, додека за останатите обвинети  кои не признаа вина ќе има судење во одвоена постапка.

Првоосомничен во случајот „Титаник“ е поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој во други два случаи е веќе осуден на 2 и пол години затвор и во моментов е во бегство уживајќи азил во Унгарија под водство на Виктор Орбан. Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство е за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и тој сомничи 20 лица. Обвинителка во случајот „Титаник“ е Лиле Стефанова.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...