fbpx

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

-

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, обвинети во случајот „Титаник“.

Како и во претходните случаи, притворот што го бараше СЈО е заменет со мерки за претпализвост, односно на Груевски, Јанкулоска, Протогер, Јанакиески и на Божиновски им се одземени личните и дипломатските пасоши, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје.

Судот, како што се додава во соопштението, го прифатил предлогот за одредување мерки за претпазливост за 16 лица, обвинети во „Титаник“, на кои исто така им се одземени пасошите и треба да се јавуваат еднаш неделно кај службено лице во судот.

На четворица од обвинетите, односно на К.Т., К.В., Б.Б.Б. и И.Д., посочуваат од судот, одземени им се дипломатските пасоши.

Против решенијата на кривчните совети СЈО има рок од три дена да поднесе жалба до Апелацискиот суд.

Со одлуката за обвинетите во „Титаник“, Кривичниот суд во Скопје ги одби сите 18 барања за притвор, а СЈО најави дека ќе поднесе жалби на одлуките на кривичните совети на првостепениот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...