Судот не знае како обвинетите во „Титаник“ дознале кои судии ќе одлучуваат за притворите

-

Обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, барале изземање на еден од тројцата судии од кривичниот совет што одлучуваше по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им биде одреден притвор, потврди денеска Основниот суд Скопје 1.

Како обвинетите и нивната одбрана дознале кои судии го сочинуваат советот, од судот велат дека тоа не му е познато и не можат да дадат одговор ниту коментар за случајот.

Од судот ги отфрлаат како шпекулации наводите што вчера ги објави порталот „Сакам да кажам“, кој повикувајќи се на анонимни извори од судот објави дека Груевски, како и другите обвинети во „Титаник“ – Гордана Јанкулоска, Мартин Протогер, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од тричлениот кривичен совет првично добиле притвор. Како што објави порталот, претседателката на советот веднаш му јавила на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, за соодносот на гласовите од 2 – 1 за одредување притвор, по што од советот незаконски бил отстранет еден од судиите.

Во соопштението на Кривичниот суд се наведува дека првично во советот што одлучувал за притворите, биле определени судиите Билјана Коцевска, Дарко Тодоровски и Диана Груевска-Илиевска. Судијата Билјана Коцевска, поради здравствени проблеми, велат од судот, била спречена да учествува во одлучувањето, поради што на нејзино место, како член на советот, била определена судијката Џенета Бектовиќ.

„Според списите од предметот, од страна на обвинетите лица истиот ден (сабота, 1 јули), во 17.20 часот, во судската писарница е поднесено барање за изземање на судијата Дарко Тодоровски од одлучување по тој предмет. Како дознале обвинетите лица и одбраната за составот на советот, не ни е познато и не можеме да дадеме одговор ниту коментар“, стои во соопштението од судот.

Оттаму објаснуваат дека доколку работата по предметот не е завршена, во согласност со членот 37 од Законот за кривична постапка (ЗКП), судијата чие изземање се бара е „должен да престане со работење по предметот и за тоа да го извести претседателот на судот кој е должен да одлучи по барањето“.

Судијата Дарко Тодоровски дал изјава за поднесеното барање за негово изземање и в.д. претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, го иззел судијата Тодоровски, а за нов член на советот го определил судијата Марин Станевски, кој во саботата вечерта, околу 23.30 часот, дошол во судот.

„Доколку по конкретниот предметот веќе било одлучено, ќе бил подготвен записник за советување и за гласање и судијата Дарко Тодоровски ќе дал изјава со таква содржина, а барањето за изземање ќе било отфрлено. При составувањето на советот е постапувано итно, за да се овозможи почитување на рокот од 24 часа во кој треба да се одлучи по барањето за притвор“, велат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека кој судија како гласал при донесувањето на одлуката е забележано на записник, кој е таен и може да му биде достапен само на повисокиот суд при одлучување по жалба.

Инаку, кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 како неосновани ги отфрлија сите 18 барања за притвор што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство и бараната мерка ја замени со мерки за претпазливост, односно одземање на пасошите и обврска за јавување во судот еднаш неделно.

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат – според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство во мај изнесува 63.908...

Уставниот суд ги укина измените на Изборниот законик што ги ограничуваа независните кандидати

Со мнозинство гласови, Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука за укинување на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, оценувајќи дека со нив...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат – според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство во мај...