понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: камати | 44 резултати

Акциите на банките паѓаат по колапсот на американската СВБ, Бајден уверува депозитите се безбедни

март 14, 2023

Акционери во Sillicon Valey Bank (Банката на Силиконската долина) поднесоа тужби против финансиската групација на СВБ и против двајца директори поради колапсот на банката, а со оглед на тоа што акциите на глобалниот пазар продолжија да паѓаат, и покрај гаранциите на американскиот претседател Џо Бајден дека такво нешто нема да се случи, пишува Гардијан. Акционерите […]

Анализа на „Порталб“: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните

декември 13, 2022

Заострената монетарната политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб. Кредитирање […]

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

мај 22, 2022

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, […]

Поради растечката инфлација, Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

мај 11, 2022

Растечката инфлација, која во април достигна годишна стапка од 10,5 отсто доведе до ново зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи, информираат од Народната банка на РСМ (НБРСМ). Денеска се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто било одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка […]

Порталб анализа: Паѓаат каматите на депозитите и на кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања

април 5, 2022

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1 отсто. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9 отсто во февруари, пишува Порталб.мк. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена […]

Анализа на банкарската 2022: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, намалена од фирмите!

февруари 12, 2022

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та, вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица, а […]

Анализа на „Порталб.мк“: Сè потешко се враќаат долговите, нефункционалните кредити на граѓаните со раст од 21,4 отсто

јули 20, 2021

Од 2008 година кога светот ја живееше големата финанасиска криза, за прв пат во првиот квартал од оваа 2021 година е регистриран најголем квартален раст на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор во земјава. Неизвесноста поради пандемијата, но и поради темпото со кое се одвива вакцинацијата се клучните фактори кои невестуваат натамошно остварување на кредитните ризици […]

На околу 150.000 граѓани ќе им се отпишуваат камати на долгови направени за време на ковид-19, најави Заев

јуни 29, 2021

Владата на денешната седница усвои предлог-текст на Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на ковид-19, со што ќе бидат опфатени преку 150.000 граѓани, информираше на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Во законот, кој беше вклучен во петтиот пакет економски мерки, исто така се предвидува граѓаните да ја […]

Просечната камата на депозитите на домаќинствата падна на 0,88 отсто

март 31, 2021

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентни поени на месечно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Притоа, промената се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,01 процентни поени, соодветно), во […]

Со долговите што ги има, Железницата може да ни ја „приватизираат“ преку присилна наплата

февруари 21, 2021

Долговите што ги има натрупано најголемиот државен загубар во земјава, Железници на РСМ-Транспорт се високи како Монт Еверест. Доколку државните власти, под итно не преземат конкретни мерки за нивна санација, железницата нема да има потреба да се приватизира или да се склучува јавно-приватно партнерство за нејзина трансформација, бидејќи преку присилна наплата на долговите би можело […]

Порталб: Граѓаните и фирмите кренаа „рачна“, намалена побарувачката за кредити

декември 21, 2020

Речиси двојно е намален бројот на банки кои на крајот на третиот квартал во споредба со вториот укажеaе дека побарувачката за корпоративни кредити е намалена. Расте бројот на банкари кои сметаат дека монетарната политика незначително влијае врз одредување на каматите за кредтите, пишува Порталб.мк. Ваквите трендови регистрирани во најновата Анкета за кредитна активност, се последица […]

Продолжува минималниот пад на каматните стапки на кредитите

ноември 30, 2020

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68 отсто и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процетни поени (п.п) и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити […]

Продолжува падот на каматите на кредитите и депозитите

ноември 4, 2020

Во септември 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити која што оствари месечен и годишен пад од 0,03 процентни поени и 0,39 процетни поени и изнесува 4,70 отсто, покажуваат новите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 процентни поени и […]

Минимален пад на каматите на кредитите и штедните влогови во јуни

август 5, 2020

Во јуни 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, која што оствари месечен пад од 0,03 процентни поени и годишен пад од 0,39 процентни поени (п.п.), и истата во јуни изнесувала 4,80 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити (штедни влогови) оствари минимален […]

Во вториот квартал значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните

јули 29, 2020

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата на ковид-19 во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за периодот април-јуни 2020 година. Имено, околу 58 отсто од банките укажале на […]

Должниците за вода можат главниот долг и трошоците да ги платат без камата, на рати

мај 27, 2020

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека согласно Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, донелe одлука со која извршиле отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени кај нотарите […]

Банките никогаш немале поголем простор за намалување на каматите на кредитите

мај 18, 2020

Ќе има ли намалување на каматите на кредитите за граѓаните и компаниите откако Народната банка по трет пат годинава ја намали основната каматна стапка и ја сведе на 1,5 отсто е прашање што заслужува внимание со оглед на тоа што со овој чекор се дава силен поттик за надолно корегирање на каматната политика на банките. […]

За амортизирање на кризата: Просечната камата на кредитите 5,67 отсто, а на депозитите 1,15 отсто

април 2, 2020

Неколку банки во земјава (НЛБ Банка, Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје, УНИ Банка и Халк банка) ги објавија понудите за промена на кредитните услови за граѓаните согласно новите законски прописи кои имаат за цел да се амортизира ударот од кризата предизвикана од корона вирусот. Заедничко за сите нив е што каматите на дадените кредити продолжуваат […]

Зголемена побарувачка за станбени, намален интерес за потрошувачки кредити

февруари 6, 2020

Околу една третина од банките укажуваат на зголемување на побарувачката за станбени кредити во последното тримесечје од минатата година, за разлика од претходните три месеци кога банките сигнализирале намалување на интересот за овој вид кредити, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност на банките. Кај потрошувачките кредити се забележува намалување на нето-побарувачката. Во […]

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

ноември 5, 2019

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето […]

Страна 1 од 2