петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: банки | 147 резултати

(АНАЛИЗА) Полесно до кредити: новоодобрените со пониски камати, условите ќе „олабавуваат“, побарувачката ќе се зголемува

26 март 2024

Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра. Кредитните услови, пред сè, преку каматите и провизиите, ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Со почетокот на оваа економска година банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити – и од страна на фирмите и од граѓаните. Просечната камата на вкупните кредити на ниво од 5,55% Минатата година […]

Граѓаните ќе имаат увид во надоместоците за платежни услуги на банките на сајтот на НБРСМ

6 септември 2023

Народната банка на РСМ (НБРСМ) на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки за секоја банка, информираат од НБРСМ. „Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на […]

Народна банка донела среднорочен план за управување со ризиците поврзани со климатските промени

2 септември 2023

Советот на Народната банка го усвоил првиот Среднорочен план за активностите на Народната банка во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 ‒ 2025 година. Според соопштението, овој план поставува сеопфатна, систематична и конзистентна рамка за активностите поврзани со управувањето со ризиците од климатските промени. „Климатските промени се важно прашање […]

АНАЛИЗА: Банките ги заострија кредитните услови, фирмите и граѓаните воздржани за нови задолжувања

6 јуни 2023

Дури 80 отсто од директорите на големите банки оценуваат дека висината на каматата на кредитите е еден од условите што се смениле во поглед на одобрувањето кредити, а 24,6 отсто изјавиле дека во изминатите месеци е намалена побарувачката за кредити од страна на малите и средни фирми, пишува Порталб.мк. Банкарите оценуваат дека во следниот период […]

УБС ја купува Кредит Свис во обид да ја запре банкарската криза

20 март 2023

Најголемата банка во Швајцарија, УБС, се согласи да го купи својот ривал Кредит Свис во итен спасувачки договор кој има за цел да ја запре паниката на финансиските пазари предизвикана од пропаѓањето на две американски банки претходно месецов. „УБС денеска го објави преземањето на Кредит Свис“, се вели во вчерашното соопштение на швајцарската национална банка, […]

Итниот заем на Кредит Свис ги разгорува банкарските стравови

16 март 2023

Банката Кредит Свис (Credit Suisse) ги објави своите планови да позајми до 50 милијарди швајцарски франци од швајцарската Централна банка за да ја подобри својата финансиска состојба, пренесе Би-би-си. Банката ја призна потребата да се преземе решителна акција за поедноставување и зајакнување на нејзиниот бизнис. Оваа објава резултираше со пад од 24% на акциите на […]

Акциите на банките паѓаат по колапсот на американската СВБ, Бајден уверува депозитите се безбедни

14 март 2023

Акционери во Sillicon Valey Bank (Банката на Силиконската долина) поднесоа тужби против финансиската групација на СВБ и против двајца директори поради колапсот на банката, а со оглед на тоа што акциите на глобалниот пазар продолжија да паѓаат, и покрај гаранциите на американскиот претседател Џо Бајден дека такво нешто нема да се случи, пишува Гардијан. Акционерите […]

Бежоска: Имаме најсинхронизирано затегнување на монетарната политика од централните банки во изминатите 50 години

11 март 2023

„Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години. Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има […]

АНАЛИЗА: Зголемени камати за „минусот“ на картичките, раст и на каматите за кредитите

21 февруари 2023

За само една година, значајно зголемување на каматите на новоодобрените кредити за фирмите – просечната камата надмина 5 отсто. Зголемени се и каматите за минусните салда на трансакциските сметки, пишува Порталб.мк. Расте бројот на банкари кои го следат сигналот од Народната банка за раст на каматите – тој број го достигна нивото од кризната 2008 […]

Анализа на „Порталб“: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните

13 декември 2022

Заострената монетарната политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб. Кредитирање […]

Каматните стапки за дозволено пречекорување достигнаа 10 отсто со што се зголемија давачките на граѓаните

25 октомври 2022

Најголем дел од домашните банки од неодамна речиси ги изедначија каматните стапки на дозволениот и недозволениот минус на банкарските сметки на граѓаните. Така, сега и кога трошите од т.н. „дозволено пречекорување“ плаќате камата од 10 отсто на годишно ниво за потрошениот износ. Во некои банки, оваа каматна стапка пред покачувањето изнесуваше само 2 отсто. При […]

Продажбата преку огласи, заработка или ризик од злоупотреба на лични податоци

26 август 2022

Покрај специјализираните веб-страници за онлајн продажба преку огласи на физички лица, редовна пракса стана секаков вид на производи да се нудат на продажба и преку огласи на социјалните мрежи. Но, радоста дека некој сака да го купи тоа што се продава може „скапо“ да чини. Анализата на ваквата купопродажна комуникација јасно покажува дека постојат повеќе […]

Народната банка објави Поимник на термини од банкарското и централнобанкарското работење

15 август 2022

Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска. „Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги […]

Обид за кибер напад на банкарскиот сектор, веб-сајтовите останаа во функција

23 февруари 2022

Вчера на Твитер на профилот наречен „Моќна грчка армија“, зад кој нема никаква потврда дека стојат Грци, се појавија серија твитови со принскринови кои укажуваат на извршени DDoS напади на повеќе македонски банки. Вистинитоста на ваквите тврдења не може да се потврди, а дотолку повеќе, самите веб-страници на банките функционираа. Како реакција утрово Народната Банка […]

Анализа на банкарската 2022: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, намалена од фирмите!

12 февруари 2022

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та, вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица, а […]

Европската централна банка со предупредување до банките за можни кибер-напади од руските хакери

9 февруари 2022

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди банките дека се можни кибер-напади од руски хакери во периодот на ескалација на тензиите со Украина, јавува Ројтерс. ЕЦБ ги подготвува европските банки за евентуален кипернапад спонзориран од Русија, додека се зголемуваат тензиите во врска со украинскиот конфликт. Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери […]

За факултетите, банките и дел од нотарите електронскиот извод претставува нерешлива енигма

5 јануари 2022

Образовните институции, банките и нотарите се несигурни и не се доволно информирани дали да прифатат електронски издаден Извод од матична книга на родени. Иако добивањето на извод од Управата за водење на матичните книги (УВМК) по електронски пат е едноставно и на издадениот документ пишува дека ги содржи сите податоци како и изводот што се […]

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами за да штедат струја

10 ноември 2021

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти оти е донесена одлука во следните 30 дена, сите експозитури и седишта на нејзините членки – банки и штедилници – да ги изгаснат светлечките реклами. Одлуката е донесена по вчерашното прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор од страна на владата. „Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на […]

Во банките, покрај пасош, ќе примаат и потврда од МВР за барање за нова лична карта

19 август 2021

Македонската банкарска асоцијација (МБА), соопшти дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, надминат е проблемот со користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта. Тие сега ќе може да ги завршат неопходните работи на банкарскиот шалтер со важечки […]

Почна етапната исплата на јулските пензии

27 јули 2021

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) извести дека денеска, 27 јули, започнува етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, информира МТСП. Подигањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не […]

Страна 1 од 8