fbpx

Бежоска: Имаме најсинхронизирано затегнување на монетарната политика од централните банки во изминатите 50 години

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за магазинот на централната банка на Полска „Финансиски опсерватор“ вели дека силината на реакцијата и видот на инструментите кои се користат од централните банки зависат од факторите што влијаат врз инфлацијата, особено од производниот јаз, од видот на монетарните инструментите и од монетарната стратегија

-

„Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години. Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност, но треба да се има предвид дека макроекономските политики не се замена за структурните политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст“, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за магазинот на централната банка на Полска „Финансиски опсерватор“.

Гувернерката истакнува дека сепак, силината на реакцијата и видот на инструментите коишто се користат од страна на централните банки зависат од факторите што влијаат врз инфлацијата, особено од производниот јаз, од видот на монетарните инструментите и од монетарната стратегија. Со оглед на геополитичките случувања, економскиот раст секако би забавил, а за тоа колкаво ќе биде забавувањето ќе зависи од повеќе фактори.

„Времетраењето на глобалните шокови врз што не можеме да влијаеме, чувствителноста на економиите на глобалните шокови (врз што можеме да влијание, но на среден рок), како и од координираноста и ефективноста на макроекономските политики. На подолг рок, патеката на растот ќе се должи пред сѐ на брзината на спроведувањето на структурните реформи“, изјави Бежоска.

Во интервјуто гувернерката се осврнува и на ризикот од забавување на глобализацијата, која досега имаше важна улога за економскиот раст на економиите, особено на помалите. Притоа, истакна дека расположливите податоци за глобалните трговски и финансиски текови засега не упатуваат на поголеми промени.

„По големиот пад на светската трговија во периодот на пандемијата, следеше процес на закрепнување, и покрај зголемениот број на трговски бариери. Сепак, не треба да се потцени ризикот од среднорочни промени во насоката, структурата и во географската димензија на глобализацијата“, вели Бежоска за „Финансиски опсерватор“.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course
download xiomi firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy free download