Акциите на банките паѓаат по колапсот на американската СВБ, Бајден уверува депозитите се безбедни

Акционери во Sillicon Valey Bank (Банката на Силиконската долина) поднесоа тужби против финансиската групација на СВБ и против двајца директори поради колапсот на банката

-

Акционери во Sillicon Valey Bank (Банката на Силиконската долина) поднесоа тужби против финансиската групација на СВБ и против двајца директори поради колапсот на банката, а со оглед на тоа што акциите на глобалниот пазар продолжија да паѓаат, и покрај гаранциите на американскиот претседател Џо Бајден дека такво нешто нема да се случи, пишува Гардијан.

Акционерите на банката го обвинуваат извршниот директор на Финансиската групација на СВБ, Грег Бекер и главниот финансиски директор Даниел Бек дека прикривале оти зголемувањето на каматните стапки би ја оставило банката подложна на колапс.

Колективната тужба, пишува Гардијан, била поднесена вчера во федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија.

„Американците можат да бидат сигурни дека нашиот банкарски систем е безбеден. Вашите депозити се безбедни. Да ве уверам и јас, нема да застанеме на ова. Ќе направиме сè што е потребно“, изјави Бајден во понеделникот.

Но, ова не успеа да ги утеши инвеститорите и останаа стравувањата дека до колапс можат да дојдат повеќе финансиски институции.

Банкарските акции во Азија продолжија да паѓаат и денеска, намалувајќи се за 6,7 отсто, што е најниско ниво од декември.

„Почнаа банкарските активности и финансиските пазари се под стрес. Мерките за ликвидност требаше да ја запрат оваа динамика, но Меин Стрит гледа огромни редици, а не нормални финансиски текови“, изјавува Демиен Бои, главен стратег за капитал во инвестициската банка Баренџои со седиште во Сиднеј.

Со бурни неколку дена се соочува финансискиот сектор откако сега затворената СВБ во средата објави дека по оданочувањето претрпе загуба од 1,8 милијарди долари и дека итно треба да собере повеќе капитал за да се смири загриженоста на штедачите.

До петокот, шансите на СВБ банката да добие пристап до повеќе средства беа речиси невозможни. Како последица на тоа, Федералната корпорација за осигурување на депозити ја презеде банката по неуспешните обиди да ја продаде на други банки, кои се финансиски постабилни.

Федералната корпорација во петокот попладне соопшти дека клиентите кои имаат до 250.000 долари по сметка депонирани во СВБ ќе имаат пристап до нивните средства до понеделник наутро. Но, не беше познато што ќе се случи со депозитите кои надминуваат 250.000 долари, лимитот што Федералната корпорација го осигурува во случај на пропаѓање на банката. СВБ беше 16-та по големина банка во државата.

Клиентите на СВБ, кои главно беа стартапи и други технолошки ориентирани компании, имаа потреба од готовина во текот на изминатата година. Тоа ги навело да подигаат пари од нивните сметки. Во меѓувреме, СВБ требаше да продолжи да ги продава своите средства, главно обврзници, со загуба, за да ослободи капитал за клиентите да можат да ги повлечат средствата. Но, банката стигна до точка каде што загубите беа толку високи, па кај клиентите завладеа страв дека банката нема да може да гарантира пристап до средствата за секој клиент.

Во рок од 48 часа, исплашените штедачи повлекле доволно средства за да предизвикаат колапс на банката.

„СВБ пропадна поради една глупава дебитантска грешка со нивното управување со каматниот ризик: тие инвестираа краткорочни депозити во долгорочни обврзници. Кога каматните стапки пораснаа, вредноста на обврзниците опадна, бришејќи го капиталот на банката“, изјави за Ал Џезира Џејмс Ангел, експерт за регулирање на глобалните финансиски пазари од Универзитетот Џорџтаун.

„Ова е истиот феномен што ја збриша американската индустрија за штедење и заеми во 1980-тите. Некои луѓе никогаш не учат“, додава тој.

Тоа беше и моментот кога се вклучи Федерална корпорација за осигурување на депозити (ФДИК), која сега ја води банката.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...