fbpx

Анализа на „Порталб“: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните

-

Заострената монетарната политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб.

Кредитирање на фирмите

Компаниите во банките на основа на кредити се задолжени со 3,2 милијарди евра, сума која постојано расте и на месечно и на годишно ниво. Во октомври кредитната задолженост на фирмите на месечно ниво се зголемила за еден отсто, додека на годишно за 12,9 отсто.

Речиси 70 отсто од кредитите се денарски, а останатите 30 отсто во странска валута. Банкарите во последната анкета на Народната банка оценуваат дека побарувачката за кредити од страна на фирмите се зголемена, но дека условите за кредитирање се заострени поради повеќе причини, а една од нив е и растот на каматите, како последица на затегнатата монетарна политика.

„Банките укажуваат дека каматната стапка, барањата за обезбедување и некаматните приходи, предизвикуваат нето-заострување на кредитните услови, посилно во споредба со претходната анкета“, се наведува во анкетата.

Поголема побарувачка за кредити има од страна на малите и среди фирми, и тоа во најголем дел за краткорочни кредити, додека кај големите фирми побарувачката е насочена кон долгорочни кредити.

Кредити за граѓаните

Се зголемува и кредитната задолженост на граѓаните. На крајот од октомври, домаќинствата во банките должеле 3,2 милијарди евра. На годишно ниво растот изнесува 7,5 отсто додека на месечно 0,5 отсто, што покажува тренд на забавување на кредитната изложенст на граѓаните. Сепак, од почетокот на годинава до крајот на октомври, кредитната задолженост на домаќинствата е зголемена за скоро 209 милиони евра.

Граѓаните најмногу должат за потрошувачки кредити – износ од 1,8 милијарди евра,  и за станбени кредити – износ од 1,2 милијарди евра. По подолг период на олеснети услови за кредитирање, по одлуката на НБРСМ за затегнување на монетарната политика и банките ги заострија условите за кредитирање на населението и очекуваат овој тренд да продоложи до крајот на оваа банкарска година – пред сѐ, преку повисоки камати, но и провизии. Дел од банките веќе соопштија дека ги зголемуваат провизиите.

„За четвртиот квартал од 2022 година, банките очекуваат изразено нето – заострување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата. Кај каматната стапка и на станбените кредити и на потрошувачките кредити, се забележува заострување, за разлика од подолгиот период на нето-олеснување. Исто така, провизиите (кај станбените кредити) укажуваат на умерено нето-заострување“, се наведува во Анкетата на НБРСМ.

Раст на каматите

По зголемувањето на каматите, забележано е намалување на побарувачката на кредити – тренд кој банкарите очекуваат да продолжи и во ова, последно, тромесечје од годинава.

„Во четвртиот квартал од 2022 година, банките очекуваат натамошно нето-намалување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата“, соопштува Народната банка.

Каматите на вкупните новоодобрени кредити се зголемија на 4,44 отсто, за фирмите достигнаа 4,36 отсто,то е највисока стапка од октомври 2021 година. На каматите за кредитите за домаќинствата во октомври во однос на септември има мало намалување, со што каматната стапка на новоодобрените кредити беше на ниво од 4,58 отсто.

Токму во октомври годинава е регистрирана и највисоката преосечна камата на вкупните кредити во однос на изминатата година (од октомври 2021), која достигна 4,40 отсто.

На крајот на октомври, вкупната кредитна задолженост и на граѓаните и на фирмите изнесува 6 734 000 000 евра.

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...