сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: банки | 148 резултати

Мајската пензија банките ќе почнат да ја исплаќаат од 27 мај, среда

мај 25, 2020

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на мајските пензии. Сите пензионери кои што поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 27 мај, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата мајска пензија. „Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери кои што не поседуваат дебитни картички и овојпат […]

Инспекторите минатата седмица со 3.086 надзори, изрекле дури 150 мерки

мај 5, 2020

Шесте инспекциски служби во надлежност на Инспекцискиот совет во периодот од 27 април до 3 мај направиле 3.086 надзори за почитувањето на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот Ковид-19, и притоа се изречени речиси 150 мерки или опомени, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска. Притоа, пазарните инспектори затвориле 4 угостителски […]

Исплатата на пензиите за граѓаните кои немаат дебитни картички ќе биде од понеделник по групи

април 24, 2020

Исплатата на априлските пензии за пензионерите кои што не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи и тоа во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари, во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до […]

Априлските пензии ќе се исплаќаат од крајот на неделава

април 19, 2020

На својата 44-та седница, Владата вчера донесе одлука пензиите за овој месец – април – да почне да се исплаќаат од крајот на оваа седмица, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија (ПИОМ) да ги достави потребните податоци за пензиите до деловните банки најдоцна до четврток. Истовремено, Влада упати препорака […]

Утврден азбучниот ред по кој ќе може да се подигаат субвенциите за тутун од банките

април 19, 2020

Народната банка го објави азбучниот ред по кој следната седмица ќе може да се подигнат на шалтерите на банките парите од субвенциите за тутунот, за што информираа министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Тутунопроизводителите со дебитна картичка ќе може да подигнат пари од банкомат уште од понеделник […]

НБРМ: На возрасните граѓани да им се даде предност во банките од 10 до 12 часот

април 8, 2020

Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно, апелираат од Народна банка. „Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните кои што се во други возрасни групи да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите. Во […]

За амортизирање на кризата: Просечната камата на кредитите 5,67 отсто, а на депозитите 1,15 отсто

април 2, 2020

Неколку банки во земјава (НЛБ Банка, Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје, УНИ Банка и Халк банка) ги објавија понудите за промена на кредитните услови за граѓаните согласно новите законски прописи кои имаат за цел да се амортизира ударот од кризата предизвикана од корона вирусот. Заедничко за сите нив е што каматите на дадените кредити продолжуваат […]

Најголем дел од банките за 6 месеци ќе ја одложат отплатата на кредитните обврски

март 31, 2020

Големо мнозинство од македонските банки, вклучително сите големи банки, постигнале усогласеност преку своите понуди да овозможат одлагање на отплатата на кредитните обврски до 6 месеци за кредитокорисниците – физички лица, најдоцна до 30 септември 2020 година. „Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја информира јавноста дека во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката за методологијата за […]

Банкарските институции се договорија за одложено плаќање на ратите на сите кредити за граѓаните и за компаниите

март 26, 2020

Поради вонредната состојба со корона вирусот, банкарските институции решија да им излезат во пресрет на граѓаните и на компаниите кои имаат кредитни задолжувања во банките и во штедилниците, од секаков вид. Тие ќе добијат можност за одложено плаќање на ратите, при што банките и штедилниците на граѓаните и на фирмите им нудат повеќе поволности. Тие […]

Народна банка: Банките добивката да не ја делат како дивиденда, туку за зголемување на капиталот

март 25, 2020

Народна банка им укажа на банките, добивката остварена во изминатата година да ја стават во функција на натамошно зголемување на капиталот и нивниот финансиски потенцијал. Ова е со цел, банките да бидат повеќе подготвени за справувањето со потенцијалните негативни последици од вирусот Ковид-19. „Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат […]

Во банките чуваме 6,6 милијарди евра, а користиме кредити од 5,5 милијарди евра

март 23, 2020

Во очекување на одговор на прашањето на какви чекори ќе се одлучат  банките за амортизирање на ефектите од појавата на корона вирусот врз семејните буџети и работата на компаниите најновите податоци на Народната банка откриваат во каква кондиција се наоѓа монетарниот сектор во земјава. Домашите банки заклучно со февруари годинава имале вкупни депозити од 6,6 […]

Банките, штедилниците, менувачниците ќе работат за време на вонредната состојба

март 19, 2020

Народна банка информираше дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за кои што Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари) продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни […]

НБРМ ги олабави условите за банките заради полесно кредитирање на најпогодените сектори

март 18, 2020

Советот на Народната банка на вонредна седница донесе неколку одлуки за ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција. како што соопштија од НБРМ, првата одлуката е за изменување на Одлуката за задолжителна резерва, со што повторно се става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва. Со неа се […]

На вонредна седница, Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,75 проценти

март 16, 2020

Денеска се одржа вонредна електронска седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на која беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75 проценти, информираат од таму. „Ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари кога во услови на […]

Зголемена побарувачка за станбени, намален интерес за потрошувачки кредити

февруари 6, 2020

Околу една третина од банките укажуваат на зголемување на побарувачката за станбени кредити во последното тримесечје од минатата година, за разлика од претходните три месеци кога банките сигнализирале намалување на интересот за овој вид кредити, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност на банките. Кај потрошувачките кредити се забележува намалување на нето-побарувачката. Во […]

Секој петти стан во Скопје е под хипотека

декември 20, 2019

Заклучно со септември, годинава 132.527 станови биле ставени под хипотека што е 12,2 отсто од вкупниот број од 1.084.534 запишани станови во нашата држава, покажуваат податоците од Регистарот на цени и недвижности. На врвот на листата градови со најголем број станови под хипотека е Скопје каде од вкупно 317.074 станови под хипотека се ставени 64.301 […]

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

ноември 5, 2019

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето […]

Ангеловска-Бежоска: Граѓаните и натаму претпочитаат да штедат во банкарски депозити

октомври 31, 2019

Нашите граѓани и натаму претпочитаат да штедат во банкарски депозити, пред останатите расположливи инструменти, рече денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето. „Со крајот на минатата година, банкарските депозити зафаќаат околу две третини од вкупната финансиска актива на населението и ова учество е зголемено споредено со преткризниот период. […]

Банките ги намалија каматите, ама заработија милиони евра на провизии

август 14, 2019

Пораст на приходите од провизии и надоместоци откриваат финансиските извештаи на повеќето македонски банки за работењето во првото полугодие од годинава во услови на историски најниски каматни стапки и намалување на приходите од камати. Дваесет или 30 денари за одржување на картични и трансакциски сметки, различни надоместоци за платен промет, еднократни казни за доцнења при […]

Банките со рекордни профити, странци го собираат кајмакот

мај 2, 2019

Банкарскиот систем во земјава лани остварил добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната година е зголемување за 27,4 отсто, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. Најголема причина да бидат задоволни од ваквите резултати се сопствениците на банките, […]

Страна 3 од 8