fbpx

Исплатата на пензиите за граѓаните кои немаат дебитни картички ќе биде од понеделник по групи

-

Исплатата на априлските пензии за пензионерите кои што не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи и тоа во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари, во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои што поседуваат дебитна картичка и од денеска ќе располагаат со својата априлска пензија.

Од Народна банка апелираат за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

„При посета на филијалите и експозитурите во текот на следната недела, пензионерите кои што досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина. Во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено следната недела од понеделник до четврток, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките. Во овој термин да се даде приоритет и предност на повозрасните граѓани коишто имаат потреба од банкарски услуги,“ се додава во соопштението.

Останува законската обврска да се носи лична заштитна опрема за носот и устата како и тоа да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...